Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најголемиот кровен стакленик во светот е отворен во Канада
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Најголемиот кровен стакленик во светот е отворен во Канада
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВООрганско производство

Најголемиот кровен стакленик во светот е отворен во Канада

Објавено 15/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неодамна, во центерот  на вториот по големина град во Канада, Монтреал, компанијата Луфа Фармс отвори стаклена градина која се протега на дури 15.000 м2. Просторот зафаќа површина како три фудбалски игралишта и е изграден со цел да ја задоволи зголемената побарувачка за храна.

Модри патлиџани и домати се одгледуваат на покривот на една зградата, а на приземјето има огромен дистрибутивен центар со скоро 2.000 прехранбени производи.

„Нашата мисија е да одгледуваме храна каде што  живеат луѓето и тоа на одржлив начин“, изјавил портпаролот на Тибо Сорет.

Овој стакленик е четврти ваков објект што се гради во Монтреал, а првиот беше подигнат во 2011 година. Оттогаш,  започнаа да се градат и други слични објекти, вклучувајќи ја  и америчката фирма Готам Гринс, која изгради 8 стаклени градини на покривите на зградите во Њујорк, Чикаго и Денвер.

Производите се продаваат во локалните супермаркети

Од 2017 година, локалните супермаркети нудат голем асортиман на зеленчук одгледуван во овие оранжерии, а покрај тоа, проектот  го „зазелени“ градот и со тоа придонесе за намалување на емисијате на стакленички гасови кои се поврзани со климатските промени.

Во текот на целата година, тие произведуваат околу 100 видови зеленчук и зачински растенија во хидропонични контејнери обложени со кокосови влакна. Во нив  исто така  се одгледува и зелена салата, краставици, тиквички, целер и многу други.

Опрашувањето на растенијата се врши со бумбари, а природните грабливци ги држат лисните вошки под контрола, така што, според тврдењата на  компанијата, нема потреба од пестициди. Секоја недела се собираат 25.000 килограми домати и модри патлиџани и велат дека цените се прифатливи.

Тие работат на одржлив начин, заштедуваат енергија и вода

 

„Предноста на одгледувањето на зеленчук на кров е тоа што враќа голем дел од  енергијата потребна за пониските делови од  зградата, вклучувајќи ја и заштедата при греењето што е голема предност за време на суровата зима во Квебек“, тврди Сорет.

„Искористивме простори кои досега беа целосно неискористени“, додаде тој, додавајќи дека овој систем е целосно автоматизиран. На пример, има  систем што ја собира дождовната водата  и повторна се  употребува истата, што претставува значителна заштеда во споредба со обична стаклена градина.

„Луфа повеќе од двојно ја зголеми продажбата за време на пандемијата и ова го припишуваме најмногу на бесконтактната испорака преку нашата веб-страница“, тврди Сорет. Според него, тие имаат 500 вработени,а тоа е  200 повеќе отколку пред пандемијата.

Моментално работат на електрификација на нивниот возен парк кој се сотои од  камиони   за испорака и се во фаза на извоз на своите производи  во разни градови низ светот.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:канадаЛуфа ФармсМонтреалнајголем кровен стакленикстакеник
Претходен напис Селами: Нашата институционална поддршка, дава здрави плодови, за нашата земја, за земјоделството и за семејните буџети!
Следен напис Детали за времето за следните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?