Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На светот му се заканува глад, цените лудуваат, а најголемите трговци со житарки имаат рекордни профити
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > На светот му се заканува глад, цените лудуваат, а најголемите трговци со житарки имаат рекордни профити
Пазари

На светот му се заканува глад, цените лудуваат, а најголемите трговци со житарки имаат рекордни профити

Објавено 30/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Светските трговци со житарки уживаат во рекорден профит во услови на глобален пораст на цените на храната, што ги поттикнува шпекулациите кои би можеле да предизвикаат храната да стане недостапна за најсиромашните. Затоа се зголемуваат повиците да ги натераат да плаќаат данок на дополнителна добивка, пишува британски Гардијан.

Четирите најголеми светски трговци со житарки, кои со децении доминираат на светскиот пазар, бележат рекорден профит. Четири компании – Archer-Daniels-Midland Company, Bunge, Cargill и Louis Dreyfus, заеднички познати како ABCD – контролираат околу 70-90 отсто од светската трговија со житарки. Тие предвидуваат дека побарувачката ќе ја надмине понудата најмалку до 2024 година, што најверојатно ќе доведе до уште поголема продажба и профит во следните две години.

Според податоците на ОН, годинава цените на храната пораснале за повеќе од 20 отсто. Според Светската програма за храна, околу 345 милиони луѓе се соочуваат со акутен недостиг на храна, во споредба со 135 милиони пред пандемијата.

„Фактот дека светските гиганти остваруваат рекордни профити во исто време кога гладта ​​е во пораст е очигледно неправеден, тоа е страшно обвинение против нашите системи. Што е уште полошо, овие компании можеа да направат повеќе за да ја спречат кризата со глад“, предупреди Оливие Де Шутер, специјален известувач на ОН за екстремна сиромаштија и човекови права. Со храната се случува исто што и со енергијата, цените растат благодарение на монополите, а не затоа што енергијата е недостапна. Светскиот пазар на житарки е уште поконцентриран од енергетскиот пазар, а уште помалку транспарентен, така што постои голем ризик од нелегално профитерство“, истакнува Де Шутер.

Тој рече дека има големо зголемување на цените на храната и покрај постоењето на големи светски залихи на житарки.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:ABCDArcher-Daniels-Midland Company
Претходен напис Првите милион тони земјоделски производи извезени од Украина, сакаат да ги зголемат количините за извоз на 3 милиони тони месечно
Следен напис Акумулацијата Палурци се полни од хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?