Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првите милион тони земјоделски производи извезени од Украина, сакаат да ги зголемат количините за извоз на 3 милиони тони месечно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Првите милион тони земјоделски производи извезени од Украина, сакаат да ги зголемат количините за извоз на 3 милиони тони месечно
Пазари

Првите милион тони земјоделски производи извезени од Украина, сакаат да ги зголемат количините за извоз на 3 милиони тони месечно

Објавено 30/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку коридорот за извоз на украински житарки, од 1 август се извезени еден милион тони земјоделски производи. За овие цели се користат три пристаништа на Црното Море – Одеса, Чорноморск и Пивденји.

Вкупно 44 бродови ги напуштија трите украински пристаништа, а нивните дестинации беа 15 земји, соопшти Министерството за инфраструктура на Украина.

Оттаму наведуваат дека речиси исто количество од овој вид производ е извезено по копно од март 2022 година.

„Подготвени сме да ги зголемиме количините на 3 милиони тони месечно за да спречиме глобален недостиг на храна“, напиша на својот Твитер министерот за инфраструктура на Украина, Олександр Кубраков.

1 M tons of 🇺🇦 food was shipped from 3 🇺🇦 ports. Since the beginning of the #BlackSeaGrainInitiative, 44 🚢s have gone to 15 countries worldwide. We are ready to increase our volumes to 3 M tons per month to prevent global food shortage. pic.twitter.com/L9NBQtwlYH

— Oleksandr Kubrakov (@OlKubrakov) August 26, 2022

А дека навистина ќе биде потребно да се зголеми извозниот капацитет, доказ е изјавата на координаторот на ОН на Црноморската иницијатива за житарки, Амир Абдула, кој коментира дека во украинските силоси и магацини чекаат уште милиони тони храна и житарки.

„Треба да се ослободат за на нивно место да дојдат тие од годинашната реколта“, нагласи тој и додаде дека е потребно да се извезуваат многу повеќе земјоделски производи.

Првиот испорачан милион го нарече само почеток.

„Подеднакво важен во рамки на оваа иницијатива е итниот извоз на ѓубрива, вклучително и амонијак, за да можат земјоделците ширум светот да продолжат да произведуваат храна за следната година по прифатлива цена“, додаде Абдула.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:одесачерноморск
Претходен напис Хуманитарниот брод со 23.000 тони украинска пченица стигна во Џибути
Следен напис На светот му се заканува глад, цените лудуваат, а најголемите трговци со житарки имаат рекордни профити
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?