Анка Штабиќ со години собирала различни видови на семе од грав. Денес одгледува дури 55 различни сорти со тоа што 80 % се стари сорти. Рани, доцни, виоски,ниски, потешки, полесни, грав за дијабетичари. Секој од нив има свој вкус, мирис и боја, но три стари сорти имаат и своја приказна.
Приказната ја започнала пред 15-ина години, кога на земјиштето на својата свекрва ги засадила првите три видови. Иако за многумина секој грав е ист, за неа е токму тие се посебен. Сортите, вели, се разликуваат веќе во самата постапка за садење, бараат различна нега и третман и созреваат во различно време.

– „Секоја сорта грав има свој вкус, мирис и боја, па од разни сорти грав може да се направат низа различни јадења, од оние калсичните, разни салати, па дури и колачи од грав, а правам и штрудла“, вели Анка.
Многу земјодлески работи научила уште од детството, но одлуката да почне да се занимава со земјоделство како извор на приходи, ја донела, кога нејзиниот сопруг пред 15 години, останал без работа.
Од гравот може да се прави скоро се
– „Започнав да се занимавам со земјоделство, садејќи различни култури. Производите почнав да ги продавам на пазар и така спонтано, почнав да следам што се бара на пазарот и што недостига, со желба да пронајдам некоја своја насока и да одлучам, што од земјоделските производи, би ми било најпаметно да произведувам. Забележав дека во понудата на пазарот, нема баш многу грав, па одлучив да се испробам во производство токму на овој производ. Заедно со другите култури, ги засадив и првите три сорти на грав“. –вели Анка.
„На мое задоволство, побарувачката, токму за тие сорти, почна да расте. Затоа тргнав во барање и размена на семиња со други производители на грав, а како што ја ширев мојата понуда, растеше и побарувачката на моите купувачи, па освен обиечн грав почнаа да бараат грав и за салати и други намени“.

Од гравот, како што истакнува, благодарение на вкусот и боите, може да се прави скоро се, од предјадења, до главни јадења и прилози, па до десерти.
На земјиштето кое пред пет години го наследила од својата свекрва, Анка денес се занимава со производство на повеќесортен грав а до сега одгледува дури 55 различни сорти.
– „Работата бара многу, но кога го сакашона што го работиш, ништо не е тешко и нема откажување. Со садење на гравот започнувам на 15 април и тоа трае се до почетокот на јуни. Гравот го садам во фази, секоја недела – кога еден ќе излезе, садам друг. Садењето трае три месеци, после што следи бербата која исто така трае три месеци, додека остатокот од годината го минува во сортирање и собирање на гравот“, појаснува таа.
Од 40 килограми семе добива околу 400 килограми грав
На површина од еден хектар, од 40 килограми семе, годипно проивзедува од 300 до 400 килограми грав.
– „Имам 12 сорти на мешунки, дури 80 % на моето стопанство го сочинуваат стари сорти а само 20% нови. Највредни ми се сепак тие три сорти кои имаат своја приказна. Нив, имено ги наследив од својата баба. Токму тие зрна грав имаат своја долга приказна, бидејќи семето на тие сорти се пренесеувало со десетици години, од колено на колено“, вели Анка.
Би сакала ова мало богатство да се сочува за идните генерации
Во работата која ја работи ужива многу и ја смета за многу интересна, но она што тешко и паѓа, вели, е тоа што нема наследник за работата која ја започнала и ја развила. Оваа вредна колекционерка, која со години собирала семе од стари сорти на грав, стравува што ќе биде со нејзиното мало богатство, еден ден, кога таа повеќе не би можела да се занимава со земјоделство.

– „Иако имам два сина, тие не се заинтересирани за ова производство бидејќи е тешко а не е многу доходовно. Сопругот здравјето не го служи добро а јас ќе продолжам да работам, се додека можам. Се плашам и да помислам што ќе биде со сите овие сорти кои со години ги собирав и чував, кога веќе нема да можам да работам, бидејќи тие растенија ми се мене како членови ан семејството. Би сакала ова мое мало богатство кое го собрав,некаде да се сочува за некои идни генерации“, порачува Анка, која на своите зрна грав им напишала дури и поезија.
– „Ние тука гордо стоиме,
од никој не се плашиме,
што ќе ни каже, дали ќе не вари или пече.
Ние сме ваша храна сочувајте не за поколенијата ваши.
Ако не можете да ни ги запомнете сите имиња,
тогаш барем оставете не за семе.
Сите ние сме од семе,
па затоа и имаме свои имиња.
Кога ќе ги изгубиме тие семиња
тогаш ќе ги немаме ни своите имиња“
порачува оваа вредна колекционерка, во своите стихови, која сочувала вистинско мало богатство од 55 сорти грав.
Се што ми треба е мотика и добра волја
– „Се работам рачно, рачно копам, рачно берам, не можам да користам некое помагало, бидејќи различните сорти грав различно и се берат. Моите синови меѓу редовите фризираат а јас копам помеѓу растенијата и тоа е се. Субвенции на сработеното добивам уредно, секоја година, со пријава, а за средства од ЕУ фондовите не сум се пријавувала. Вложувањата не се големи. Се што ми треба е рамни редови, добра и лесна мотика и добра волја и љубов спрема оваа работа“. скромно раскажува Анка.
Се што произведува на својот имот го пласира на градскиот пазар во Крижевци.
-„ Времињата не се како што беа некогаш. Денес се повеќе се гледа цената отколку квалитетот. Пари е се помалку па секоја куни три пати се врти, пред да се потроши. Тоа одеше на рака на големите трговски центри кои го превземаа пазарот, додека нас на малите производители, ни останаа само оние малкумина купувачи кои го ценат домашното. Продажбата е слаба а откуп нема па сме препуштени сами на себе, по принцип, снајди се како знаеш и умееш“, вели Анка.
Извор: Агроклуб
