Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците не запираат и во време на кризa, Николче Ристески инвестира во нов трактор и ги зголемува површините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Земјоделците не запираат и во време на кризa, Николче Ристески инвестира во нов трактор и ги зголемува површините
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОМеханизација

Земјоделците не запираат и во време на кризa, Николче Ристески инвестира во нов трактор и ги зголемува површините

Објавено 17/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во време кога светот и нашата држава се справува со Covid – 19, земјоделското производство не застана, а земјоделците дополнително се мотивирани поради очигледната неопходност од производството на домашно производство како најважно и најсигурно за секоја држава.

Еден од тие земјоделци кои и во време на криза инвестираат во земјоделското производство е и нашиот редовен читател Николче Ристевски од село Тополчани – Прилепско, кој ни се пофали дека неодамна купил нов трактор.

– Животот е добар ако работиш,ако не работиш нема да имаш. Желба ми беше да купам нов трактор од брендот John Deere и да обработувам поголема површина и тоа се исполни. Се едуцирам најмногу од интернет, фејсбук и Веб страни, најчесто веб страната на Агротим, но сепак за совет не ги заборавам искусните земјоделци татко ми, дедо ми и моите соселани – ни напиша Ристевски.

Тој е вработен во Битола во фабриката Kromberg&Schubert, а неговата сопруга дипломиран економист е невработена главниот иницијатор за зголемување на земјоделските површини кои ги обработуваат.

-Таа беше иницијатор за да се насочиме оваа година кон поголемо тутунопроизводство. А нашите две мали девојчиња Флора, 6 год и Ања, 5 год по препорака на реонскиот техничар и програмата на ALP на Тутунскиот Комбинат -Прилеп за намалување кон постепена елиминација на ,,детскиот труд” и на сите други злупотреби на човековиот труд во тутунопроизводството, остануваат дома со нивната баба. Обработуваме 3 ха површина од кој 1 ха тутун систем капка по капка. Од тутунот последниве неколку години добро се заработува. Работиме макотрпно сами со сопругата, од нива на работа, од работа на нива, тоа за мене е летниот период. Искрено ми недостига слободното време за кафе муабет со пријателите. Сега ќе ги следам огласите за аплицирање на државна земја и ипард фондовите -вели Ристески за Агротим.мк

Му посакуваме успешна работа и бериќета година!

Може да ви се допадне

Набавете SOLIS 75 HVAC со херметик кабина на кредит со одлични услови!
(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Претходен напис Италија тргнува во биолошка војна против смрдливките
Следен напис На само еден хектар Анка Штабиќ одгледува 55 различни видови на грав
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?