Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи
Агровести

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

Објавено 17/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот.

Министерството за економија ги информира трговците на мало и на големо дека со крајот на вонредната состојба престанува да важи обврската највисоката трговска маржа на портокалите, мандарините, грејпфрутот и лимоните на трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо да се определи во вкупен износ до 10 отсто, односно до 15 отсто во трговијата на мало.

Исто така, престанува да важи обврската цените кои се применувале на 11 март 2020 година да бидат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на: лебот, солта, шеќерот, зејтинот, млекото и млечните производи, јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите, личната заштитна опрема, средствата за лична хигиена и дезифекционите средства, потрошниот медицински материјал и медицинската опрема.

Престанува да важи и обврската за ограничување извоз на пченица и издавањето на дозволи од Министерството за економија извоз на брашно.

Инаку, претседателот Стево Пендаровски последен пат по предлог на Владата прогласи вонредна состојба на 15 јуни 2020 година во траење од осум дена, што значи дека доколку нема ново продолжување трговците ќе може да ги одмрзнат цените веќе од почетокот на следната недела.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Вонредна состојбаодмрзнување на ценитаПрехрамбени производицени
Претходен напис На само еден хектар Анка Штабиќ одгледува 55 различни видови на грав
Следен напис Детали за времето во следните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?