На Граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фрекфенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево – велат од АМСМ.
Поради асфалтирање, од 6 до 20 јули годинава, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 09:00 – 15:00 часот.
