Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штипските пожарникари апелираат да не се палат стрништата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штипските пожарникари апелираат да не се палат стрништата
Агровести

Штипските пожарникари апелираат да не се палат стрништата

Објавено 14/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Штипските пожарникари денеска со апел да не се пали оган на отворено, а особено земјоделците да не ги палат стрништата по жетвата на житните култури.

Командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев, вели граѓаните ако забележат оган веднаш да пријават, со цел источниот регион да не се соочи со пожари како во 2021 година. Смета дека треба да се зголемат кампањите за да се подигне свеста кај граѓаните.

-Да не се пали оган на отворено место и необезбедено место, земјоделците да не палат стрништа и други земјоделски посеви, да не се пали отпад и лесно запаливи материи, а граѓаните имаат должност доколку видат оган на отворено да известат, прво на 193 за да може да се реагира да не дојде до пожари со поголеми размери. Со кампањи треба да се вклучиме за да можат земјоделците, да им се даде апел да не ги палат стрништата бидејќи од едно запалено стрниште може да дојде до многу голема материјална штета, рече Коцев.

Посочи дека се подготвени и имаат опрема доколку мора да интервенираат на пожар на отворено.

-Со заедничка соработка со Локалната самоуправа и ЛЕР тимот во Општина Штип ние успеавме да набавиме две нови возила. Набавивме одела за шумски пожари и пожари на отворен простор и за урбана средина. Набавивме и пумпи за црпење вода на атмосферски води во случај на поплави. Во овој дел сме добро опремени како противпожарна единица, рече Коцев.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:стрништа
Претходен напис Времето денеска сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени
Следен напис На ГП „Богородица“ зголемена фрекфенција на возила, на другите гранични премини нема преголеми задржувања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?