Раните сорти на лук во Италија веќе се продадени, а во Франција се очекува принос како во минатите години, но во поедини делови на Шпанија се соочени со големи загуби. Истовремено, во Кина е произведено 20 % повеќе од овој вид на лук отколку лани.

Според службените податоци на Европската Комисија земјите членки на ЕУ годишно произведуваат околу 400.000 тони лук, во споредба со околу 28 милиони тони во целиот свет. Имено, во повеќето земји тоа производство не ги задоволува потребите па често увезуваат од Кина или Аргентина.
„До сега завршивме доста добра работа со лукот. Цела Eвропа чека производите да станат достапни за да се провери квалитетот после неколкунеделните дождови“, објаснува администраторот на компанијата Agrimpex Farming, Антонио Туцило.
Во Италија раните сорти на лук веќе се продадени, а во Шпанија дождот го намали приносот?
„Бербата во јужна Италија течеше без проблеми. Резултатот беше прифатлив и поголема количина се продаваше како свеж или полупреработен производ на традиционалните локални пазари. Доцните сорти се берат и понатаму, а работите ќе се завршат во текот на следните две недели“, напоменува Туцило. Вели дека раниот лук се продал скоро во целост и дека сега се чекаат доцните сорти, со надеж дека нема да има временски неприлики кои би влијаеле врз бербата.

Количините на лук во Франција се во склад со изминатите неколку години. Во Шпанија квалитетот на лукот во регионот на Кордоба е добар, но околу 20 % е оштетен од дождот и средно ниските температури. На тоа се додава и штетата во главното производно подрачје Ла Манш која сеуште се проценува, а се смета дека загубите би можеле да достигнат и до 50 %. Тоа многу би влијаело на производство бидејќи Шпанија е водечки европски одгледувач и извозник на лук.
Поради ниските цени кинескиот лук е закана за европскиот?
Во Кина квалитетотот на лукот е добар и принсот е задоволителен, а оваа година произведени се околу 20 % повеќе отколку минатата.

„Цените се многу пониски отколку минатата година, што би можело да влијае на меѓународниот пазар, иако сеуште на сила се мерките за ограничување бидејќи количините кои можат да се увезат во ЕУ се ограничени, а големи се давачките и во Северна и Јужна Америка“. вели Туцило.
Тешко е да се предвиди што би можело да се очекува, цените на домашниот лук нема да бидат пониски во однос на увозниот од Кина бидејќи е веројатно дека евроспката количина, особено шпанската, ќе биде ниска. Освен од Кина, Европа лук увезува и од Аргентина.
Извоз: Agroclub.ba
