Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Олеснети условите за регистрација на мали винарски визби
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Олеснети условите за регистрација на мали винарски визби
Агровести

МЗШВ: Олеснети условите за регистрација на мали винарски визби

Објавено 23/06/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) што ги усвои Владата на вчерашната седница се направени со цел малите производители на вино кои имаат фамилијарни винарии да бидат ставени во законска рамка, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Со овие измени се олеснуваат условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Конкретно, се намалува висината за надоместокот од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.

-Со ваквите измени ќе се придонесе за праведност и правичност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствуваaт со капацитетот за производство и чување на произведеното вино во винаријата и да им се овозможи на малите семејни винарии да бидат регистрирани во регистарот на производители. Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат да се регистрираат во регистарот на производители на вино кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со тоа на легален начин ќе можат да го пуштат во промет произведеното вино, порачуваат од ресорното министерство.

Воедно, додаваат, ќе се придонесе и за обезбедување на одржлив пласман на грозјето, бидејќи лозарите кои имаат лозови насади ќе имаат можност сопственото производство на грозје да го преработат во вино.

Намалувањето на висината на трошокот од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри, нема директно да претставува и намалување на приходите во буџетот, затоа што според проценките на ДИЗ, со поевтината регистрација, околу 100 физички лица и мали винарии би се регистрирале во регистарот на производители на вино, велат од МЗШВ.

Големите винарии, додаваат, се веќе регистрирани во регистарот на производители на вино, а оваа обврска за плаќање е само за идните производители. Така, според проценките на Државниот инспекторат за земјоделство, во текот на оваа 2020 година, би се регистрирале 40 физички лица и мали производители, во следната 30, а во третата година 20 со што се очекува прилив на средства во буџетот на инспекторатот во износ од 135.000,00 денари за овие три години.

Минатата година се донесоа измени и дополнување на Законот за вино, со кои се овозможија низа поволности со кои се олеснија условите за производство на вино на малите семејни винарии и на физичките лица производители на вино, што е тековен тренд во светски рамки, особено во сегментот на продажба на вино од фарма во насока на диверзификација на понудата на пазарот и развој на винскиот и руралниот туризам.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:виномали винарски визбимзшвправилникрегистрација на винарии
Претходен напис На европскиот лук повторно му се заканува увоз од Кина?
Следен напис Следува постепен пораст на температурите, но и понатаму без целосно стабилизирање на времето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?