Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Европа и се заканува африканска свинска треска: Германија крева ограда на границата со Полска, уништени се 24.000 свињи во Бугарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На Европа и се заканува африканска свинска треска: Германија крева ограда на границата со Полска, уништени се 24.000 свињи во Бугарија
Агровести

На Европа и се заканува африканска свинска треска: Германија крева ограда на границата со Полска, уништени се 24.000 свињи во Бугарија

Последна измена: 10/01/2020 12:01
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

55 нови случаи на африканска свинска треска кај живи свињи забележани се  во  Полска во близина на границата со Германија.

Во Полска, во декември забележани се  55 случаи на африканска свинска треска кај живи свињи во близина на границата со Германија, соопшти денеска Светската здравствена организација организација за животните (ОИЕ).

Според извештајот објавен на веб-страницата  на ОИЕ, заболувањето што го десимира кинескиот фонд на свинско месо, најголемиот светски производител на свинско месо, сега е откриено во едно село кое се наоѓа  на околу 30 километри од Германија, која всушност  е најголем извозник на свинско месо во Европската унија, пренесува Ројтерс.

Во Германија стравуваат дека нивниот извоз на свинско месо во Кина и другите азиски земји може да биде во опасност, па властите во германските држави кои граничат со Полска кренале огради во обид да го спречат движењето на живи свињи на нивната територија и ширење на болести.

Германската држава Бранденбург постави ограда висока 90 см, и  ги олесни ограничувањата на ловците за да се овозможи поголем лов на диви свињи, соопшти државното Министерство за земјоделство.

Државата Саксонија објави дека ќе инсталира 4,5 км електрична ограда во областите со висок ризик во близина на границата со Полска  и тоа уште оваа недела.

Земјите каде што е откриени појава  на некоја заразна болест кај животните, како што е африканска свинска треска или високо патоген птичји  грип, должни се  навремено да го известат ОИЕ и да доставуваат редовни извештаи за следењето на болестите.

Иако африканската свинска треска не е опасна за луѓето, но е смртоносна за диви и домашни свињи, редовно се воведува забрана  за увоз на свинско месо од регионите каде се појавила.

ЗАКАНА ОД БУГАРИЈА:  НА ФАРМА ОТКРИЕНА АФРИКАНСКА СВИНСКА ТРЕСКА, ЌЕ БИДАТ УНИШТЕНИ 24.000 СВИЊИ

Бугарските ветеринарни служби објавија денеска дека ќе се колат 24.000 свињи откако е откриен  вирус на африканска свинска треска на една фарма на северо-исток на земјата.

Од Агенцијата за безбедност на храна соопштија дека епидемијата е откриена на фарма во село во регионот Шумен.

Тоа е прва епидемија на индустриска фарма од  август минатата годин, кога вирусот погоди шест фарми во Бугарија, принудувајќи ги властите да закoлаат повеќе од 130.000 свињи, соопшти Ројтерс.

Извор : https://www.novosti.rs/

Може да ви се допадне

АФПЗРР на 63-та конференција Pantha Rhei
Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора 
Состојба на патиштата
Таг:АФРИКАНСКА СВИНСКА ТРЕСКАбугаријаСвинска чума во Полска
Претходен напис Насадете повеќeгодишен зеленчук во градината и берете 20 години
Следен напис За прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, нашата држава нема да враќа пари во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?