Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Насадете повеќeгодишен зеленчук во градината и берете 20 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Насадете повеќeгодишен зеленчук во градината и берете 20 години
Растително производство

Насадете повеќeгодишен зеленчук во градината и берете 20 години

Последна измена: 09/01/2020 19:34
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Со одгледување на повеќегодишен зеленчук ќе се намалат трошоците, ќе се олесни работата во градината и ќе се обезбеди доволно свеж зеленчук.

Повеќето видови на зеленчук се едногодишни растенија и треба да се посеат повторно секоја пролет. Сепак, постојат зеленчукови градини и други растителни видови кои ќе ви го олеснат работењето во градината и ќе ви овозможат да избегнувате сеење секоја година. Овие се повеќегодишни зеленчуци, зачини и други растенија кои што можеме да ги одгледуваме во нашите градини.

Зошто да се одгледува повеќегодишен зеленчук?

За да можеме полесно да работиме и да ги намалиме трошоците за одгледување зеленчук, можеме да избереме да сееме повеќегодишен зеленчук. Покрај тоа што ќе го избегнеме пресадувањето  или сеењето секоја пролет, овие растенија честопати се првиот зеленчук што го береме во сезоната.

 Откако ќе бидат засадени, тие ќе нè снабдуваат со свеж и здрав зеленчук многу години. Исто така, овие видови се помалку захтевни во однос на одгледувањето одколку  едногодишните растителни видови, помалку се подложни на напади на штетници и заболувања.

 Повеќето осгледувачи  ќе помислат  на артичок, аспарагус и рабарбара. Овие повеќегодишни видови најчесто се одгледуваат во нашите градини.

Артичоки на исто место три до шест години

Овој декоративен вид зеленчук, покрај тоа што се користи во гастрономијата, го најде своето место и во народната медицина. Треба да се заштити од студот во текот на зимата. Се одгледува заради цветот што се бере пред да процвета.

 Се одгледува со сеење семе или садење садници што ги земаме од постарите растенија. Ако сакате да  сеете семе од артичок, најдобро е да започнете со сеење во февруари. Ако земемете садници од постарите растенија, оставаме две силни рзграноци и ги отстрануваме другите. Најсилните треба да се  засадени во тегли уште во март и се одгледуваат на топло место. Садењето на отворено се врши кога опасноста од доцни мразеви поминала. На овој начин,  младите растенија ќе дадат цвет во истата година.

 Артичоките, исто така, може да се сеат директно во градината во текот на април, но само ќе цвета следната година. Тие остануват на истото место три до шест години.

Аспарагусот може да живее и 20 години

За садење на аспарагус се користат едногодишни  или двегодишни садници, но садници може да се одгледуват и од семе. Едногодишните садници лесно се вкоренуваат и продолжуваат брзо да растат, но за берба потребни се три години. Поради оваа причина, почесто се користат двогодишни  садници.

Првата берба не треба да биде интензивна. Ако се отстранат сите или повеќето израстоци растението нема да може да се развие и ќе се уништи.

Аспарагусот останува на истото место петнаесет години, а со добра грижа едно растение може да живее и 20 години.

Рабарбара најчесто се одгледува со делење на коренот

Овој вид зеленчук е многу популарен во светот на колачите. Од него се подготвуваат компоти, желе, џемови, сокови, пити, колачи и торти.

 Најчесто се одгледува со поделба на коренот, а може и да се сее.

Потребно е да се копа и да се прихранува со органски ѓубрива секоја година. Ова хранливо растение може да живее десет години и да нè радува со своите лиснати дршки што се користат во гастрономијата.  Од лисјата можеме да направиме и растителен инсектицид  со кој ќе ги ги заштитиме другите растенија.

Лековити растенија, зачини

Покрај овие растителни видови, може да се одгледуваат разни зачини.

Спанаќ, нане, маточина, повеќегодишен кромид, рен, киселец, оригано, мајчина душица, рузмарин, власец, лаванда се некои од многуте повеќегодишни видови што можете да ги одгледувате со години.

Искусните градинари оставаат неколку растенија целер и магдонос во зима. Ако зимата е блага или ако ги оставиме во стаклена градина, ќе имаме свежи лисја цела зима. Кога целерот и магдоносот ќе останат на отворено поле, во градината, овие растенија ќе започнат да растат првои и ќе се собираат први.

Извор: https://www.agroklub.com/

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Oдгледување на две култури на иста нива: Кои се најдобри комбинации?
Одгледувањето домати е вистински предизвик: Навременото сеење и изборот на сортата влијаат на квалитетот на плодот
Таг:Gradinarstvoзеленчук кој се бере 20 годиниповеќегодишен зеленчук
Претходен напис Инфо ден за ИПАРД утре во Струмица, ќе присуствуваат министерот Димковски и директорот на АФПЗРР – Бабовски
Следен напис На Европа и се заканува африканска свинска треска: Германија крева ограда на границата со Полска, уништени се 24.000 свињи во Бугарија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?