Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, нашата држава нема да враќа пари во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, нашата држава нема да враќа пари во ЕУ
Агровести

За прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, нашата држава нема да враќа пари во ЕУ

Објавено 10/01/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Овој месец, во тек се инфо-деновите наменети за информирање и појаснување на условите за поднесување на барања за мерката 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од ИПАРД 2.

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, од трибината во Струмица организирана како дел од кампањата ИПАРД инфо – денови, им порача на присутните да поставуваат прашања за се што ги интересира во врска со мерката 3 и со условите за аплицирање, потсетувајќи дека јавниот повик за оваа мерка беше објавен пред две недели и ќе трае заклучно со 11-ти февруари. Мерката им овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана.

Исто така на трибината беше потенцирано дека, за прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, нашата држава нема да враќа пари во ЕУ поради слаба искористеност на фондовите, туку напротив, поради зголемениот интерес ќе ни бидат потребни уште пари за дореализација на програмскиот период. 

Само за споредба, во текот на целиот програмски период од ИПАРД 1 Програмата 2007-2013 год., искористеноста изнесуваше само 17 проценти. Денеска, ЕУ ја посочува нашата држава како најуспешен пример во регионот, за искористеност на европските фондови, иако програмскиот период за ИПАРД 2 уште не е завршен, што значи дека процентот на реализација и понатаму ќе расте.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИпардмзшвТрибина за ИПАРД 2 во Струмица
Претходен напис На Европа и се заканува африканска свинска треска: Германија крева ограда на границата со Полска, уништени се 24.000 свињи во Бугарија
Следен напис Бугарија: Се превземаат ригорозни мерки против Африканската свинска треска, целта е тотална контрола на болеста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?