Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 во вредност од 8,8 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > МЗШВ: Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 во вредност од 8,8 милиони евра
Јавни огласи и повици

МЗШВ: Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 во вредност од 8,8 милиони евра

Објавено 04/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека денес Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од ИПАРД, согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони  евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18-ти  септември 2023 година.

Новите инвестиции се оденсуваат на приоритетни сектори за следниве типови на инвестиции: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо ( вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури); Житарици, мелнички продукти и скроб; Растителни производи и масла и маснотии од животни; Шира, вино и оцет; Производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Во овој јавен повик не се прифатливи инвестиции во градежни работи, повикот е наменет исклучиво за набавка на опрема за преработки.

Овој последен јавен повик се објавува со цел овие 8.8 милиони евра како последни средства од ИПАРД 2 програмата, да бидат инвестирани дома и со тоа во целост да биде реализирана програмата, без ниту еден денар вратен назад.

ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме.

Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори, но и прва земја во регионот подготвена да започнуваме со ИПАРД 3 програмата.

Повеќе информации за јавниот повик заинтересираните апликанти потребните обрасци за поднесување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи можат да најдат на веб страната на АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/29

За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
Таг:88 милиони евраипард 2јавен повикмерка 3мзшв
Претходен напис Губење на приносот во посевите: Како високите температури им се закануваат на нашите растенија
Следен напис Големо невреме во Словенија, поплавени села – евакуирани граѓани во некои региони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?