Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Губење на приносот во посевите: Како високите температури им се закануваат на нашите растенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Губење на приносот во посевите: Како високите температури им се закануваат на нашите растенија
Агровести

Губење на приносот во посевите: Како високите температури им се закануваат на нашите растенија

Објавено 04/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Речиси секојдневно, растенијата се изложени на чести промени на температурата, а за разлика од топлокрвните животни и луѓето кои имаат одлични механизми за регулирање на телесната температура, нивната температура зависи од околината.

Имајќи предвид дека земјата е во фаза на глобално затоплување, се очекуваат зголемени штети од високите температури. Се проценува дека зголемувањето на температурата за 1°C може да доведе до губење на приносот до 17%.

Екстремно високите температури се се поприсутни, а во летните месеци максималните дневни температури достигнуваат и над 35°C. За повеќето растенија, секоја температура над 29 °C почнува да станува непријатна. 32 °C се смета за основна температура на топлински стрес за растенијата.

Топотниот стрес ја претставува реакцијата на растенијата што ќе ја покажат кога ќе бидат изложени на прекумерна топлина, топлина на воздухот и почвата, како и на директна сончева светлина.

Симптомите на топлотен стрес варираат во зависност од времетраењето на екстремните услови, јачината и интензитетот на сончевата светлина, како и температурата и се движат од исцрпен изглед на дехидрирано растение до видно неповратни оштетувања. Може да дојде до овенување, губење на свежината на листовите како и нивно опаѓање, мирување, забавување на растот и целосен прекин на развојот.

Закрепнувањето на растенијата од топлотниот стрес зависи од повеќе фактори, пред се од надворешните услови, температурата, интензитетот и времетраењето на изложеноста на растението на топлотниот бран, како и општата здравствена состојба и цврстината на растението, мерките за нега и наводнување.

Привремените температурни скокови и умерениот интензитет обично може да се контролираат, а повеќето растенија ќе го надминат овој вид на топлотен стрес бидејќи можат да ја контролираат загубата на вода и да постигнат топлинска рамнотежа. Младите, болни или новопресадените растенија потешко ќе се опорават, а некои можеби и воопшто нема да закрепнат, слично како растенијата кои долго време биле изложени на интензивна топлина. Во зависност од тежината на стресот, растенијата можат да закрепнуваат од неколку дена до неколку месеци, а некои се трајно уништени и не можат да закрепнат.

За да се избегне или ублажи топлотниот стрес на растенијата, неопходно е да се спроведат одредени мерки, како што се длабока основна обработка на почвата, навремена и пред сеидбена подготовка, меѓуредно кутивирање во текот на вегетацијата, избор на сорти и хибриди отпорни на високи температури и суша, задолжително наводнување, оросување, и непосредно покривање на растенијата.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:посевиприносрастенијатемператури
Претходен напис Димковски: Добар дел од пченицата ќе заврши како сточна храна во Грција
Следен напис МЗШВ: Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 во вредност од 8,8 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?