Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Потсетување за оризопроизводителите – уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > МЗШВ: Потсетување за оризопроизводителите – уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз
Јавни огласи и повици

МЗШВ: Потсетување за оризопроизводителите – уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз

Објавено 01/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците дека на 6 јули 2022 година истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз.

Овој јавен повик се распишува преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

Преку оваа мерка го олеснуваме производството на ориз, директно помагајќи го земјоделецот. Финансиската поддршка која се обезбедува преку овој јавен повик изнесува 3.500.000 денари по корисник.

Можност да аплицираат имаат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗ системот на министерството, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Критериум кој барателот треба да го исполни е да располага со минумум производствен капацитет од над 1 хектар површина под ориз.

Јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари за ориз беше објавен на 6 јуни од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и е достапен на следниот линк:

https://ipardpa.gov.mk/Root/mak/vest_dolga_mak.asp?VestiID=3114

Заинтересираните земјоделелци повеќе информации за јавниот повик може да добијат на веб страната на АФПЗРР и во подрачните единици на министерството.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:комбајнориз
Претходен напис Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата
Следен напис САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?