Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“
Агровест

МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“

Последна измена: 06/04/2020 12:33
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Со цел поефикасно функционирање на апликацијата „Понуда-Побарувачка“ и полесна достапност за земјоделците и стопанствениците, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, отвори посебна електронска (e-mail) адреса, на којашто сите заинтресирани можат да праќаат податоци за својата понуда на земјоделски производи и побарувачка. Официјалната e-mail адреса за испраќање на податоци е: [email protected]

На оваа e-mail адреса е потребно да се пратат следните податоци:

-Име и презиме на понудувач/побарувач

-Место на живеење и телефонски број

-Име на производ, количество по единица мерка (бала, парче, килограм или тон)

Апликацијата им овозможува на земјоделците брз и лесен пристап до податоците за расположливите количини и цени на земјоделски производи и добиток и во овие услови на вонредна состојба поради глобалната пандемија,  да можат да тргуваат со своите производи.

Во услови на вонредна состојба како што е моменталната предизвикана од пандемијата со коронавирусот, согласно препораките на Владата за социјално дистанцирање, заинтересираните понудувачи или баратели на определен производ, барањето може да го достават такашто најпрво ќе го превземат образецот „Барање за понуда“ поставен на апликацијата, а потоа пополнетиот образец ке го испратат преку мејл ќе го испратат на e-mail адресата [email protected].

Комплетната агропонуда, достапна е преку клик на банерот Понуда-Побарувачка на страната на МЗШВ или на страната на ЗПИС на следниов линк www.zpis.gov.mk како и на http://ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk/

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
Саем Кина – ЦИЕ: Кинескиот милионски пазар предизвик за македонските компании
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Таг:адресаапликацијамеилпазар
Претходен напис АХВ: Препорака за домашните миленици за време на пандемија од COVID 19
Следен напис Поевтинуваат дизелот и бензините, Регулаторна го објави новиот ценовник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?