Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Агровести

ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб

Објавено 02/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Официјално не е разговарано, ниту е донесена некаква конечна одлука за евентуално спроведување пензиски реформи, иако се размислува во таа насока. ММФ и Светка банка ќе прават анализи и ќе дадат одредени препораки, но во Вториот столб, секако, ќе се трансферира вкупниот предвиден износ од 19,6  милијарди денари, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што информира, препораките што ќе ги дадат ММФ и Светска банка, не значи дека ќе бидат прифатени од Владата, а се очекува да биде предложено зголемување на старосната граница за пензионирање.

– Официјално во Владата не сме разговарале, но постојано има размислувања. Ги анализираме состојбите и врз основа на тоа ќе постапуваме. За 2026 година целиот износ што треба да се трансферира во Вториот столб, од 19,6 милијарди денари, е планиран и предвиден во Буџетот. ММФ и Светска банка не ги имаат направено комплетно анализите во државата. Сега побараа и ние се согласивме да направат анализа на пензискиот фонд, по што ќе дадат одредени препорки кои не значи дека ќе бидат прифатени од Владата. Ќе имаме анализа на прв, втор столб, да видиме што се случува таму и какви препораки ќе добиеме. Веројатно ќе кажат да ја зголемиме старосната граница за пензионирање, што е очекувано нешто, а дали Владата ќе прифати или не, ќе видиме. Но, да почекаме да ги направат анализите. ММФ дава некои податоци дека најголемиот проблем со пензискиот фонд, генерално, ќе биде проблемот со демографијата. Премиерот има одредени размислувања. Се друго на среден рок ќе се стабилизира, но проблемот со демографијата е сериозен. Ако нема подобрувања, тогаш на подолг рок ќе има сигурно негативни влијанија, истакна министерката.

Таа лично смета дека не треба да се зголеми старосната граница за пензионирање, туку дека треба да се остави простор секој сам да одлучи за тоа.

– Во однос на старосната граница лично сметам дека треба да се остави право на избор, да си останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Треба да се даде опција на секого да одлучува што ќе прави понатаму, истакна Димитриеска-Кочоска. 

МИА

Може да ви се допадне

ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
ЦУК преку пилот-проект воспоставува интелигентни камери за рана детекција на пожари во критични зони
Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето
Таг:анализиБуџетотВториот столбММФ
Претходен напис Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?