Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
Агровести

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Објавено 02/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на Народната банка на редовната седница го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година. Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови.

Како што информираат од Народната банка, кредитирањето и депозитната активност забележаа раст и во првиот квартал од 2026 година, но побавен во споредба со претходниот квартал, најмногу под влијание на сезонските ефекти, коишто се вообичаено позасилени во првиот квартал од годината. Квалитетот на кредитното портфолио се подобри и кај секторот „домаќинства“, и кај корпоративниот сектор, што придонесе за натамошно намалување на вкупната стапка на нефункционални кредити, којашто се сведе на историски најниското ниво од 1,9 проценти.

-Банкарскиот сектор остварува позитивен финансиски резултат, којшто е на ниво слично на она од истиот период минатата година, обезбедувајќи солидни показатели за профитабилноста, велат од Народната банка и додаваат дека централната банка и во иднина ќе биде претпазлива, постојано ќе ги следи ризиците и е подготвена да ги примени сите расположливи инструменти и мерки за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.

На истата седница, Советот разгледа и усвои повеќе материјали поврзани со тековното работење и надлежностите на Народната банка.

Народна банка

Може да ви се допадне

ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
ЦУК преку пилот-проект воспоставува интелигентни камери за рана детекција на пожари во критични зони
Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето
Албанија и Косово ја зајакнуваат  соработката во областа на земјоделството
Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари
Таг:2026 годинаНародната банка
Претходен напис ЦУК преку пилот-проект воспоставува интелигентни камери за рана детекција на пожари во критични зони
Следен напис ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?