Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Непречено се одвива откупот на тутунот, досега се купени 1 300 тони по 435 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Непречено се одвива откупот на тутунот, досега се купени 1 300 тони по 435 денари
Агровести

Непречено се одвива откупот на тутунот, досега се купени 1 300 тони по 435 денари

Објавено 25/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот во земјава се одвива непречено и нема никакви проблеми, ниту забелешки, информираат од  Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Од 10, веќе осум откупни фирми го преземаат родот по цена од 435 денари за килограм, што значи квалитетниот род се цени во прва класа. Од 17 ноември, кога почна откупот досега се преземени околу 1 300 тони тутун. 

-Нема никакви проблеми во текот на откупната кампања на тутунот. Веќе осум фирми го преземаат родот од производителите, а уште две фирми „Сокотаб“ и „Пашоски“, пунктовите ќе ги отворат до крајот на месецов. Да потсетиме, крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември, но речиси сите компании ги отвораат пунктовите во предвремениот период. Се откупува во прва класа по 435 денари за килограм поради високиот квалитет на родот, одбитоци од 3 проценти има само на долните берби. Од 324 откупни пункта во земјава, се отворени 120 – вели Кире Ристски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

До поверениците на вагите на откупните пунктови нема забелешки, ниту на оспорување на откупениот род.

-Деновиве во Министерството за земјоделство имавме состанок и е договорено субвенциите да се исплаќаат според предадените, а не според договорените количества тутун, што е добро за производителите – објасни Ристески.

- Реклама -
Ad image

Прилепскиот тутунски комбинат од стартот ги отвори сите 34 откупни пункта во земјава. Нема проблеми, ниту застој во исплатата на откупените количества тутун. Годинашнава реколта се оценува на околу 26 000 тони, иако 10-те откупни фирми договорија поголеми количества. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави субвенциите да се зголемат за 10 денари, за сметка на изоставувањето на зелената нафта. Значи, наместо досегашните 80 денари, да се плаќаат сувенции по 90 денари за килограм. Сѐ уште не се знае дали тоа ќе важи од оваа година.

МИА

Може да ви се допадне

Во ИНОФЕИТ отворена првата Енергетска жива лабораторија – зајакнување на врската меѓу науката, образованието и стопанството
Домашното производство покрило 96,6 проценти од потрошувачката на струја
Трошоците за изградба на индивидуални станбени објекти зголемени за 5,1 процент на годишно ниво
Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
Нов протест во Крива Паланка поради неконтролираното движење на добитокот
Таг:435 денаринепреченооткупоттутунот
Претходен напис Во ИНОФЕИТ отворена првата Енергетска жива лабораторија – зајакнување на врската меѓу науката, образованието и стопанството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?