Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната сезона како една од најдобрите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната сезона како една од најдобрите
Агровести

Земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната сезона како една од најдобрите

Последна измена: 10/11/2019 11:30
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

И земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната производствена сезона како успешна и една од најдобрите досега. 

Како ретко досега тие се согласуваат дека оваа сезона, која полека завршува, треба да биде пример како земјоделецот, но и другите учесници во производствениот процес, треба достојно да зароботат за вложениот труд.

Според оценката на Сојуз на синдикати на земјоделци од Струмица во споредба со повеќе години назад годинашната била една од подобрите.

-Имаше одредени мали осцилации во откупот на доматите, но вкупно земено е добро. Треба уште да се работи за да се подобрат вкупните состојби, но во секој случај сметам дека земјоделците треба да се задоволни, смета Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на змјоделци.

Земјоделецот Коце Божиков од селото Дабиле е со став дека годинава е една од најдобрите досега. Според него, уште на почетокот имало најави дека ќе биде успешна, бидејќи тогаш кромидот се откупуваше од 25 до 30 денари за килограм, младиот компир 40 денари, доматите за 50 денари, цвеклото 25 денари за килограм, благиот компир се откупуваше за рекордни 100 денари, а парче лута пиперка се плаќаше пет-шест денари.

-Имаш исплатливи откупни цени, иако имаше одредени мали падови, но цените бргу се враќаа во нормала. Имаше и квалитетно прозводство, кое за жал  е намалено за 30 проценти, а кај некои култури и за 50 проценти. Исто така, за поздравување се мерките на Владата, посебно за субвенционирање на нафтата -„зелена нафта”, како и навременото исплаќање на субвенициите што секако влијае врз вкупниот амбиент, рече Божиков.

Слично е и мислењето на на Ванчо Митев од Здружението „Еко градинар” од село Добрејци.

-Може да се каже дека сезоната беш добра. Имавме и добри цени и квалитетно производство како ретко досега. Сите култури поминаа добро. Ништо не остана на нивите и се откупи, потенцира Митев.

Драги Памуков земјоделец од село Куклиш смета дека сезоната што изминува може да се оцени како позитивна, но имало и периоди кои може да се оценат како негативни.

-Тоа се периоди кога има поголемо производство од побарувачката и цените паѓаат и за овие периоди треба да се наоѓаат решенија. Исто така, беше лошо кога имаше увоз на домати од Албанија. Сметам дека треба да се наоѓа решение за проблемите и конечно да заживее планираното производство, додава Памуков.

Откупувачите го делат мислењето на земјоделците за успешната сезона.

-Генерално гледано поуспешна година од оваа немало. Произведеното во најголем дел го консумира домашниот пазар, а извозот одеше „како алва”. Се случи само неколку денови да има застој во најголемиот производствен шпиц, а во останатиот период немаше никакви проблеми. Одамна не се случило земјоделци кои го предаваат производството кај мене да заработат толку како годинава, рече Благој Витанов, трговец од Струмица.

И откупувачот Ацо Стоилков од компанијата „Мак смоларски ној” подвлекува дека сеозната била мошне добра за сите. Но, потенцира дека тоа не се должи на зголеменото производство, туку напротив на намаленото и на помалку засеаните површини со градинарски култури.

-Има помалку производители, а побарувачката од одредени странски пазари беше голема. Сметам дека површините мора да се зголемуваат и да не се случува обработливо земјоделско земјиште да не се обработува, а ресорното министерство за него не распишува оглас за давање под закуп. Покрај тоа, треба да се работи на окрупнување на земјиштето за да може да се произведува повеќе и поквалитетно, рече Стоилков.

Годинава градинарските култури од Струмичкиот регион се извезуваа на пазарите во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји, а покрај странците големи количини откупија и домашните фабрики./МИА

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:допматиземјоделципласманпроизводителиструмица
Претходен напис Младите во агрокомплексот: Антонио насеа 400 хектари со пченица, a 50 хектари остави за сончоглед
Следен напис Засилени контролите за палење на стрништата, изречени 34 казни од кои 5 барања за прекршочна постапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?