Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младиот Насер од Тетово ја продолжува сточарската семејна традиција, на фармата има 4080 овци, ги охрабрува младите да почнат да се занимаваат со сточарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Младиот Насер од Тетово ја продолжува сточарската семејна традиција, на фармата има 4080 овци, ги охрабрува младите да почнат да се занимаваат со сточарство
Сточарско производство

Младиот Насер од Тетово ја продолжува сточарската семејна традиција, на фармата има 4080 овци, ги охрабрува младите да почнат да се занимаваат со сточарство

Објавено 14/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Насер Џемаили од Тетово, по струка технички ветеринар, а наскоро и правник, со сточарство се занимава од мали нозе.

„Сточарството ни е фамилијарен бизнис, јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум и покрај големите препреки да продолжам да ја развивам фармата. Пред три години почнавме да се занимаваме и со рурален туризам, отворивме коњички клуб и организираме тури со коњи низ цела Шара“, рече Насер.

May be an image of 8 people, horse and nature

Фармата на Насер и неговото семејство, „Биофарма 1 Мај“, брои 4080 овци и повеќе од 50 коњи и, како што вели Насер, е единствена во Македонија што има толкав број овци. На фармата, освен членовите на семејството, имаат и 25 вработени.

May be an image of nature

Го прашавме Насер со какви проблеми и искушенија се соочува при одгледувањето на овците.

„За жал трлата во коишто ги чуваме изградени се од поодамна и полека со текот на времето ја губат својата можност максимално да можеме да ги употребуваме. Токму овде државата треба да обрне поголемо внимание со помош. Ги храниме со органска храна, но бидејќи не успеавме да земеме државна земја, храната за овците ни излегува многу скапа“, вели Насер.

Насер, кој од неодамна е секретар на здружението „Млад сточар“, смета дека во Македонија сѐ уште има многу млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство.

May be an image of nature

„Се зачленив во здружението „Млад сточар“ за да докажеме дека уште има млади што сакаат да се занимават со сточарство иако ни се лоши условите. Пласманот за јагнињата е кој како се снајде и кланиците здружено ги поставуваат цените на јагнињата и секако се ниски, токму затоа ни е потребно организирање. Секогаш заедно можеме повеќе да работиме, ќе имаме разни совети што ќе ни помогнат да го развиеме сточарството. Чекаме повеќе можности за проекти кои ќе ни овозможат полесно да функционираме.“

Насер ги повикува сите млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство да не се двоумат и да почнат веднаш, бидејќи, како што вели, сите сме почнале од некаде, а сточарството сега ни е профитабилен бизнис.

May be an image of horse and grass

Контакт 076881038 e-mail [email protected]

Може да ви се допадне

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:насеровцитетово
Претходен напис Какво време нѐ очекува до крајот на неделата
Следен напис Од 127-та седница на Владата: Проширена е листата на „замрзнати“ цени и за оризот, јајцата и тестенините; Дел од Малешевските Планини се прогласени за заштитени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?