Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите на состанок во Штип, ќе испорачаат барања до надлежните за да се нормализира состојбата со овчата сипаница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите на состанок во Штип, ќе испорачаат барања до надлежните за да се нормализира состојбата со овчата сипаница
Агровести

Сточарите на состанок во Штип, ќе испорачаат барања до надлежните за да се нормализира состојбата со овчата сипаница

Објавено 30/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Oдгледувачите на овци и кози попладнево во Штип ќе одлучуваат кои се следните чекори и кои барања ќе ги достават до Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за состојбата со овчата сипаница. Според нивни проценки на терен се угинати од 7.000 до 10.000 овци од болеста овча сипаница.

Претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци и кози, Насер Џемаили на денешната прес-конференција истакна дека сточарите меѓу другото, ќе побараат итно обесштетување на сопствениците на стадата овци и кози, угинати од овчата сипаница. 

​-Сточарите се плашат да ги пријават случаите, затоа што поминува многу време до уништување на стадото кое е заболено и не се сигурни дали ќе им бидат обесштетени тие стада. Никој од сточарите не сака да ги изгуби овците и да остане на улица, вели Џемаили.

​Прашан дали имаат информации кога ќе пристигнат вакцините за овците од Турција, кои ги најавија АХВ и ресорното Министерство, Џемаили со одговор дека досега немаат никакви информации. 

​- Ни рекоа дека за 10 дена ќе имаме вакцина, а сепак нема. Сепак е доцно веќе за вакцинација. Во источниот дел веќе не може да се вакцинираат, затоа што сите ги зафати болеста и ќе бараме писмено до Министерството да се обесштети секоја угината овца. Ги имаат податоците колку овци имале сточарите, по таа бројка да им се платат и субвенциите и обесштетувањето – подвлече Џемаили. 

Џемаили потврдува дека има сточари кои имаат извршено вакцинација со нелегално набавени вакцини од Турција, но побара од институциите да бидат поекспедитивни во решавање на проблемите на терен, бидејќи, како што вели, ситуацијата е хаотична. 

Тој додава дека со ресорниот министер се во комуникација и по денешниот состанок ќе ги достават барањата и до него и до премиерот Христијан Мицкоски.

На денешниот состанок присуствуваа и генералниот секретар на Конфедерацијата на синдикални организации, Гоце Делчев Тодев и Милена Величковиќ, одгледувач на овци и член на Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ кои им дадода поддршка на сточарите. 

​-​ ​​Првата и основна мисија на Сојузот е да го зголемиме сточниот фонд, а не да го намалиме. Затоа сме тука, затоа сме поддршка на секој сточар-вели Величковиќ.

МИА

Може да ви се допадне

„Од зрно до погача“ – традицијата што не обединува
Фероинвест со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино
Летото не се предава: Каков септември не очекува и кога стигнува првото вистинско заладување?
Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
Работници од Бангладеш, Турција и Непал го освојуваат македонскиот пазар на труд
Таг:болестовци
Претходен напис Фероинвест со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино
Следен напис „Од зрно до погача“ – традицијата што не обединува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?