Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Деспина Комерц 95“ од Росоман започна со откуп на МЛАД КРОМИД: Очекуваме добар квалитет и квантитет, стабилна цена и успешен пласман на европските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > „Деспина Комерц 95“ од Росоман започна со откуп на МЛАД КРОМИД: Очекуваме добар квалитет и квантитет, стабилна цена и успешен пласман на европските пазари
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

„Деспина Комерц 95“ од Росоман започна со откуп на МЛАД КРОМИД: Очекуваме добар квалитет и квантитет, стабилна цена и успешен пласман на европските пазари

Објавено 26/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компанијата Деспина Комерц 95 од Росоман, ја започнува новата кампања за откуп на млад кромид од земјоделците, долгогодишни кооперанти на компанијата. Веќе традиционално од први април почнуваат со откупот во неограничени количини кои ги пласираат на европските пазари на големо и во супермаркетите.

– Росоман моментално е единствениот регион во Македонија и лидер за производство на млад кромид кој што е доста застапен особено последните 5 години, поради стабилен пласман и добра цена. Земјоделските производители имаат интерес да го произведуваат и тоа по стандарди кои го бараат странските пазари, кои не се лесни да се достигнат во начинот на подготовка и чистење. Соработката со нив ни е на највисоко ниво, самите земјоделци планираат со време ориентирајќи се по календарот секоја година да биде спремен некаде 25 до до 30 дена пред католички Велигден, нормално тука исклучок се временските услови – вели за Агротим сопственикот на компанијата откупувач – Марин Димитриевски.

Колку е важно договорното производство најдобро зборува нивниот пример – земјоделците имаат сигурен пласман и добра цена, а откупувачот роба за извоз.

-Ние како фирма гледаме секоја година да се пробиваме на повеќе пазари и да имаме поголем спектар на пакување спрема клиентот врз основ на нивните услови на нарачка. Исто така да овозможиме поголема цена врз основа на тоа што секоја година се зголемуваат трошоците на нашите кооперанти. Оваа година очекуваме добар квалитет и квантитет, стабилна цена и нормално успешно пристигнување до потрошувачите. Како фирма за нас е успех пред се сезона по сезона зголемување на производството и квалитетот, лојалноста на нашите кооперанти сегашни и идни и позитивните рецензии назад од нашите потрошувачи. Очекуваме продуктивна сезона пред нас и за крај аирлија нека е! – изјави Димитриевски.

И ние посакуваме успешна откупна сезона и што поголем развој на Договорното производство.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: Македонија може да ја складира евтината струја во батерии и да ја извезува кога цените се повисоки
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Ајварката е евтина само на нива, трговците ѝ го јадат кајмакот
ЦЕНИТЕ НА ПЧЕНИЦАТА БИ МОЖЕЛЕ ДА ПОРАСНАТ ДО 30 ПРОЦЕНТИ, проблемите во извозот на најголемите производители може да предизвика недостиг
ДИЗ на терен во Струмичкиот регион: Пиперката се откупува според договорените цени
Таг:договорно производствомлад кромидпласманцена
Претходен напис Хемометал понуда: САДАЧКА ЗА КОМПИР
Следен напис Хрватска со недостиг од 70.000 сезонски работници, во Словенија платите до 3.000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?