Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа на „Фестивалот на грозјето“: Посакувам уште многу вакви успешни манифестации, се надевам следната година ќе се видиме повторно во нормални услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Министерот Хоџа на „Фестивалот на грозјето“: Посакувам уште многу вакви успешни манифестации, се надевам следната година ќе се видиме повторно во нормални услови
Агровест

Министерот Хоџа на „Фестивалот на грозјето“: Посакувам уште многу вакви успешни манифестации, се надевам следната година ќе се видиме повторно во нормални услови

Објавено 16/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во село Бојане, Општина Сарај, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, учествуваше на манифестацијата „Фестивал на грозјето“.
Mинистерот Хоџа ги поздрави присутните, кои и покрај дождливото време дојдоа да го одбележат овој ден, кој е од особено значење за Општина Сарај.

Грозјето е една од нашите земјоделски култури кои на овие простори имаат долга традиција на одгледување. Речиси и да нема куќа која нема лозница во дворот, бидејќи грозјето за нашиот народ има и симболично значење, односно гроздот означува благосостојба. Грозјето е традиционална и важна култура за РС Македонија. Благодарение на сонцето и поволните климатски услови, нашето поднебје овозможува да се одгледуваат многу лозови насади. Во производствените области грозјето е култура која го ангажира руралното население и има големо извозно трговско значење.
„Оваа година беше тешка за сите. Кризата предизвикана од светската пандемија со Ковид 19 предизвика нарушување на пазарите на грозје во нашата земја и на светските пазари. Сите ние се соочивме со голем предизвик како да го заштитиме домашното производство и да ги ублажиме последиците од кризата. Задоволен сум што ние како Влада реагиравме веднаш, воведовме интеревнтни мерки со кои овозможивме откупот на грозје да тече непречено, цената да биде во интерес на лозаропроизводителите. Со тоа помогнавме целокупното производство на грозје од овогодинешната реколта да биде откупено. Недозволивме кризата да влијае на производството на грозје. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе продолжи силно да ги подржува лозаропроизводителите и да се грижи за севкупното земјоделско производство“ изјави министерот Хоџа.

Тој им се заблагодари на организаторите на настанот и им посака уште многу успешни манифестации. Министерот Хоџа изрази надеж дека следната година манифестацијата „Фестивал на грозјето“ ќе се одржи во нормални услови, со надмината пандемија и без маски.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Заменик-министерот Хоџа учествува на Регионалната конференција на ФАО во Таџикистан, избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Хоџа: Градиме функционални системи за наводнување на земјоделското земјиште
Таг:АрјанитгрозјеХоџа
Претходен напис РУРАЛНАТА ЖЕНА И КОРОНА КРИЗАТА – Зум коференција директно од лозје
Следен напис Одбележан Светскиот ден на храната 16 октомври
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?