Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
Директни плаќања по површина
| Мерка | Основни услови | Минимум површина | Обврски | Висина |
| 1.1 Поледелски култури | Засеани и ожнеани култури | 0,7 ха (0,2 ха тутун) | Сертифицирано семе за дел од културите, Продажба/складирање за дел од културите | 6.000–18.000 ден/ха |
| 1.2 Лозја и овоштарници | Одржувани насади | 0,5 ха лозја0,5 ха овоштарници | Продажба за дел од видовите | 12.000–42.000 ден/ха |
| 1.3 Градинарски култури | Засеани и обрани | 0,3 ха | Продажба за сите видови | 12.000–30.000 ден/ха |
| 1.4 Контролирани услови | Производство во оранжерии | 0,3 ха | Продажба до 15 мај | 120.000 ден/ха |
| 1.5 Угар/зелено ѓубре | Угар/зелено ѓубрење | 25% од 1.1 и 1.3 | Агротехнички мерки | 3.000 ден/ха |
| 1.6 Ливади | Косење | 1 ха | Соодветен број грла | 6.000 ден/ха |
ВАЖНО!!!
Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6
Директни плаќања по број на грла на добиток
| Мерка | Основни услови | Минимум грла | Обврски | Висина |
| 1.7 Говеда | Женски,18–180 месеци | 3 | Чување до 30 ноемвриПродадено млеко или колење | 8.000 ден/грло |
| 1.8 Говеда 6–18 месеци | Женски6–18 месеци | / | Чување до 30 ноември | 3.000 ден/грло |
| 1.9 Овци | Женски и машкиМин.12 месеци | 30 | Чување до 30 ноемвриПродадено млеко најмалку 500 литри или заклано јагниња мин.30% | 3.000 ден/грло |
| 1.10 Кози | Женски и машкиМин.12 месеци | 30 | Чување до 30 ноември | 3.000 ден/грло |
| 1.11 Маторици | Женски приплодни грла | 10 | Чување до 30 ноември | 4.000 ден/грло |
| 1.12 Пчелни семејства | Регистрирани презимени | 30 | Одржување на бројот до 30 септември | 600 ден/семејство+ 200 со посебни услови |
ВАЖНО!!!
Во случај кога не го исполнувате условот за минимум грла за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а имате одобрено барање во 2025 година со помал број на грла, за истиот минимум број ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6
