Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
Агровести

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Објавено 19/09/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ние сме врвен приоритет на САД во регионот, тие во Македонија и во оваа Влада гледаат како на близок пријател и разговараме за капитални проекти во енергетиката и инфраструктурата. Ценам дека во години кои што следат од ова стратешко партнерство ќе се изнедрат многу капитални проекти кои што ќе имаат историско значење – порачува премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за МИА остварено во Вашингтон за време на посетата на Соединетите Американски Држави.

Нагласува дека на средбите што ги остварил станало збор за можно финансирање на Чебрен и Галиште, за гасоводот во земјава преку кој треба да се обезбеди поврзување на ЛНГ терминалот во Александрополи со централна Европа и за рудникот за антимон во паланечко Луке. Се бара, како што посочува, инвеститор и за Чебрен и Галиште и веќе е разговарано во ДФЦ – финансиската корпорација за развој, со финансиско портфолио од околу 200 милијарди долари, со Каролајн Вик, која е одговорна за развој и инвестиции низ светот.

-Разговаравме за можно финансирање на Чебрен и Галиште, разговаравме и за друг тип инфраструктурни и енергетски, податочни инвестиции што би ги правела Владата, а исто така и за приватни инвестиции кои што би дошле од Америка во Македонија – посочува Мицкоски во интервјуот за МИА и нагласува дека администрацијата на претседателот Трамп ја гледа Македонија како врвен приоритет во регионот.

-Ценам дека во години кои што следат од ова стратешко партнерство ќе се изнедрат многу капитални проекти кои што ќе имаат историско значење. Една таква иницијатива е веќе најавена, рудникот за антимон во Крива Паланка. Таму се присутни во делот на ПД грантирање од пет милиони долари, за развој на проектот во Крстов Дол, во местото Луке, паланечко, но тоа е само почеток. Велам дека врз основа на оној разговор што го имав во ДФЦ со Каролајн Вик, интересот е огромен. Наша цел како Влада е да обезбедиме финансирање на проектот Чебрен и Галиште. Од нивна страна има интерес, истиот проект беше презентиран, задолживме канал за комуникација меѓу Владата и ДФЦ, и тоа е добро. Кога станува збор за стратешката и критичната инфраструктура, тука се гасоводите кои што ги градиме, тука се автопатите, Коридорот 8 и Коридорот 10-д и пругата која што ќе биде модернизирана, а е дел од Коридорот 10 и пругата која што ја градиме, а е дел од Коридорот 8 – прецизира Мицкоски.

Магистралните гасоводни делници Скопје-Тетово-Гостивар, како и Битола-Неготино треба да бидат завршени годинава, а се очекува да биде избран и партнер за секундарната гасификација.

Американската страна, како што вели, е доста заинтересирана за гасоводот што треба да помине низ Македонија со кој САД би станале сериозен снабдувач на регионот со ЛНГ втечнет гас. 

-Треба поблиску во јавноста да се објасни што е целта на тој гасовод. Треба терминалот за втечнет природен гас, познат како ЛНГ терминал во Грција – Александрополи – да го поврземе со централна Европа, за да биде конкуренција на Јужниот Поток. Капацитетот е некаде околу три милијарди метри кубни, а ако се зголеми притисокот може да дојде и до шест милијарди. Она што го прави специфичен е што гасоводот е двонасочен. Ние досега како држава имавме само еден еднонасочен влез – Жидилово – со капацитет од некаде околу 800 милиони метри кубни, или милијарда и 200 милиони со зголемен притисок. Што значи дека капацитетот на гас кој што би можеле утре да го користиме во Македонија со изградбата на овој гасовод е драматично зголемен, но за да бидеме на рутата на транзит, што е практично и наша цел и амбиција, ние мораме да го завршиме и северниот интерконектор со кој ќе се поврземе со соседна Србија. И тој ќе биде двосмерен, така што кога ќе ги завршиме овие два проекта, што јас очекувам да биде на крајот на 2028 година, геостратешката положба на земјата ќе биде сосема поинаква – нагласува премиерот.

Во овој момент, како што посочува, ние како држава конзумираме околу половина милијарда метри кубни годишно.

-Значи ќе имаме 12 пати зголемен капацитет за инвестиции, за гасни централи кои што би произведувале електрична енергија, која што потоа би се користела во некои податочни дата центри, потоа од нив би црпеле можности за вештачка интелигенција. Тоа е еден сериозен и озбилен план за развој на државата и каде би требала да се движи Македонија во иднина – посочува Мицкоски.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година.

Како „тесно грло“ ги посочува високонапонските мрежи на пренос на електрична енергија.

-Ние сме одлично поврзани со нашиот северен и јужен сосед со далноводи на 400 киловотно напонско ниво. Одлично сме поврзани и со нашиот источен сосед, еден 400 киловолтен далновод и два паралелени 110 киловолтни далноводи, и сега го градиме проектот со кој што ќе се поврземе со нашиот западен сосед, повторно со 400 киловолтен далновод. Со тоа ќе бидеме буквално енергетска крстосница кога станува збор за преносот на висок напон на електрична енергија. Сите овие проекти се критична инфраструктура. Сите овие проекти ја зголемуваат отпорноста во регионот, безбедноста и се многу значајни за источното крило на НАТО. Ние како држава можеме да ја искористиме нашата сега веќе посилна геостратешка положба и од сето ова да извлечеме корист за граѓаните, и економски побргу да се развиваме. Тоа е суштината и тоа е приоритетот на оваа Влада – истакнува Мицкоски во интервјуто за МИА. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
(ВИДЕО) Серафимовски: Ќе се зголеми извозот на црвена пиперка, имаме побарувачка од Бугарија, Србија и Босна
(ВИДЕО) Серафимовски: Мора да зборуваме за ПЛАНСКО ПРОИЗВОДСТВО за да немаме проблем со вишок на производи
Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ-– инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
Таг:АлександрополиГалиштеМакедонијаМицкоскичебрен
Претходен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Следен напис Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?