Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
Агровести

Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството

Објавено 19/09/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со порака дека во една тегла мед се соединети природата, човечкиот труд и карактерот на поднебјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во Радовиш ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“.

Министерот посочи дека значењето на пчеларството го надминува производството на мед и други пчелни производи, нагласувајќи ја нивната улога во опрашувањето.

„Преку опрашувањето, пчелите имаат незаменлива улога во овоштарството, градинарството и поледелството, поради што нивната поголема заштита е неопходна за зголемување на домашното производство на храна и зачувувањето на биолошката разновидност“, порача министерот Серафимовски.

Тој додаде дека политиките се насочуваат кон професионализација и модернизација на стопанствата, зачувување на автохтоната македонска медоносна пчела и зајакнување на контролите на квалитетот против нелојалната конкуренција.

„Македонскиот мед има потенцијал да биде високо вреднуван производ. Неговата вредност и понатаму ќе ја надградуваме преку проверен квалитет, препознатливо потекло, современо пакување и посилно присуство на домашниот и странските пазари. Чесниот пчелар кој произведува вистински и квалитетен мед ќе биде препознаен и заштитен, затоа што грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство“, порача министерот Серафимовски.

Може да ви се допадне

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
(ВИДЕО) Серафимовски: Ќе се зголеми извозот на црвена пиперка, имаме побарувачка од Бугарија, Србија и Босна
(ВИДЕО) Серафимовски: Мора да зборуваме за ПЛАНСКО ПРОИЗВОДСТВО за да немаме проблем со вишок на производи
Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ-– инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
Таг:земјоделствотоМеден Радовиш 2026ПчелитеСерафимовски
Претходен напис Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
Следен напис Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, од вторник посвежо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?