Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
Агровести

МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

Објавено 12/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, информираат од Министерството за финансии. 

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија

Позитивно е оценета и динамиката на јавните инвестиции. Капиталните расходи во периодот јануари–јули годинава бележат раст од 40% на годишно ниво, што претставува 46% од ревидираната цел за целата година и што според Агенцијата ја одразува силната реализација на крупните инфраструктурни проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д.

„Фич“ очекува економската активност да продолжи да биде поддржана од силните јавни инвестиции и приватната потрошувачка. Дополнителен потенцијал за повисок раст на среден рок Агенцијата препознава во продолжувањето на инфраструктурните проекти и спроведувањето на реформите во рамки на инструментите на Европската Унија.

Како фактори што го поддржуваат кредитниот рејтинг, „Фич“ повторно ги издвојува поповолните показатели за управување и повисокиот БДП по жител во однос на земјите со споредлив кредитен рејтинг, како и посветеноста на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој се оценува како значајно реформско сидро на среден рок.

Во однос на фискалната рамка, „Фич“ ја нотира целосната примена на Законот за буџети од 2028 година, како и потребата од постепена фискална консолидација, при што очекува намалување на дефицитот на среден рок.

Агенцијата ги нотира и реформските активности за подобрување на наплатата на приходите, вклучително и воведувањето на е-фактурирањето.
Агенцијата нотира релативно поволна структура на долгот на општа влада имајќи го предвид големото учество на мултилатерални и билатерални кредитори во истата, а очекува бруто-долгот на општата влада да се стабилизира на просечно ниво од 52,7% од БДП во периодот 2026–2028 година, односно под утврдениот.

Потврдата на кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед претставува значаен сигнал до меѓународните финансиски пазари и инвеститорите за стабилноста и перспективите на македонската економија, особено во услови на зголемени глобални економски и геополитички предизвици.

Министерството за финансии продолжува со политиките насочени кон одржлив економски раст, засилена реализација на капиталните инвестиции, структурни реформи и постепена фискална консолидација, со цел зајакнување на економските фундаменти, конкурентноста и животниот стандард на граѓаните. 

МИА

Може да ви се допадне

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
(ВИДЕО) „СА-МО Бионатура“: Кога откупувачот инвестира, а земјоделците имаат сигурен пласман на пиперките – Договорно производство на дело
ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Хрватска: 10 милиони евра за земјоделците за есенска сеидба и помош за огревно дрво за 60.000 домаќинства
Таг:ББ+економските политикикредитниот рејтингМФФич
Претходен напис (ВИДЕО) „СА-МО Бионатура“: Кога откупувачот инвестира, а земјоделците имаат сигурен пласман на пиперките – Договорно производство на дело
Следен напис „Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?