Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026: технологии, енергетика и недвижности на едно место од 29 до 31 октомври во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026: технологии, енергетика и недвижности на едно место од 29 до 31 октомври во Скопје
Агровести

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026: технологии, енергетика и недвижности на едно место од 29 до 31 октомври во Скопје

Објавено 27/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под мотото „Вклучи одржливи навики“ на 29 октомври во Скопје во Т Арената почнуваат меѓународните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 .

Двата настана во трите саемски дена до 31 октомври ќе обединат компании, институции, експерти, инвеститори и млади иноватори, со програма посветена на новите технологии, енергетиката, одржливиот развој и недвижностите.

На средбата со медиумите беше претставена саемската програма, која, покрај изложбениот дел, опфаќа стручни презентации, панел-дискусии, промоции на производи и услуги, деловни средби и можности за вмрежување. На изложбена површина од над 2.500 квадратни метри, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со решенија од областа на роботиката, автоматизацијата, обновливите извори на енергија, циркуларната економија и дигиталната трансформација.

Свеченото отворање на двата саема е предвидено за 29 октомври, од 11:00 часот, а ќе го отворат Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

- Реклама -
Ad image

-Меѓу содржините на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 се издвојува претставувањето на хуманоидни роботи со словенечката технолошка компанија Hiproject. Посетителите ќе можат одблиску да се запознаат со овие технологии и да дознаат повеќе за нивната примена во реални работни средини, вклучително во индустријата, логистиката, фармацевтската индустрија, здравството и туризмот, изјави Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски Саем.

Антони Пешев, извршниот директор на Стопанската комора истакна дека околу 40 проценти од постојната работна сила ќе треба да се преквалификува за да остане конкурентна на пазарот на трудот. На глобално ниво, 90 милиони работни места ќе бидат изложени на трансформација, но новите технологии, вели тој, истовремено имаат потенцијал да отворат и 180 милиони нови работни места.

-Македонските компании мора навремено да инвестираат во новите технологии, да развиваат конкурентни производи и услуги и да освојуваат нови извозни пазари. Промените се случуваат брзо и немаме време за одложување. Само со брза адаптација и проактивен пристап можеме да ја зајакнеме конкурентноста на нашата мала економија- изјави Пешев.

Според Марта Наумовска, основач и претседател на МАМЕИ, конкурентноста на домашната индустрија сè повеќе зависи од знаењето, иновациите и примената на новите технологии. Со конференцијата Manufacturing 2026 во рамки на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026, додаде таа, отвораме простор за поврзување на компаниите, институциите и експертите и за разговор за конкретните чекори кон попаметно, поефикасно и одржливо производство.

Важен дел од програмата ќе бидат и дискусиите за трансформацијата на економијата. Во фокусот ќе бидат можностите за модернизација на домашното производство преку вештачка интелигенција, роботизација и автоматизација, како и поврзувањето на технолошкиот развој со енергетската ефикасност и зелената транзиција. Ќе се разговара и за финансирањето на овие инвестиции, достапноста на зелените кредити и соработката меѓу институциите, компаниите и образованието.

Паралелно, РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе ги обедини градежните компании, инвеститорите, агенциите и професионалците од секторот на недвижностите, кои ќе претстават актуелни понуди, инвестициски проекти и развојни иницијативи од Македонија и регионот.

Панел-програмата посветена на градежништвото и недвижностите ќе отвори прашања за примената на современите технологии и материјали, енергетската ефикасност, зелената градба и подготовката на квалификуван кадар. Дел од дискусиите ќе бидат посветени и на квалитетот на домувањето, движењата на пазарот, урбаната инфраструктура и заштитата на купувачите.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат отворени за посетителите од 10:30 до 18:30 часот во текот на сите три саемски дена.

МИА

Може да ви се допадне

Мерка 3 од ИПАРД: ГРАНТ до 1.500 000 евра за винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија
Инвестициите на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Николоски вели дека извозот е приоритет за домашната економија
АПРЗ Битола со финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство
Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм
Од утре сообраќаен режим на дел од автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот
Таг:енергетикаЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026РЕАЛ ЕКСПО 2026Скопјетехнологии
Претходен напис Инвестициите на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Николоски вели дека извозот е приоритет за домашната економија
Следен напис Мерка 3 од ИПАРД: ГРАНТ до 1.500 000 евра за винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?