Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АПРЗ Битола со финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АПРЗ Битола со финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство
Агровести

АПРЗ Битола со финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство

Објавено 27/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола информира дека е во тек јавниот повик за доставување барања за доделување на финансиска поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.

Според јавниот повик утврден од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и притоа за активен женски член во земјоделското домаќинство може да се доделат до 360.000 денари по поединечен корисник.

Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства чиј носител или член е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.

Јавниот повик за доставување на барањата завршува на 13 ноември, а во меѓувреме барателите повеќе информации за критериумите и потребните документи можат за да добијат во канцелариите на АПРЗ и од веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, потврдија од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

- Реклама -
Ad image

АПРЗ

Може да ви се допадне

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм
Од утре сообраќаен режим на дел од автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот
Бизнис-форум: Потенцијалот на Македонија се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од границите
Список со положени кандидати од областа на фитофармација од испитот одржан на 15.010.2026
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
Таг:АПРЗ Битолаженски членземјоделско домаќинствофинансиска поддршка
Претходен напис Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм
Следен напис Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?