Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Менде Ивановски: Задругите се иднина на македонското и европското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Менде Ивановски: Задругите се иднина на македонското и европското земјоделство
Агровести

Менде Ивановски: Задругите се иднина на македонското и европското земјоделство

Објавено 25/02/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Менде Ивановски е претседател на македонската асоцијација на земјоделски задруги во државата како и  претседател на управниот одбор на земјоделската задруга „Ресгруп“ од с. Волкодери, Ресен.

Со него го почнуваме серијалот на Агротим. мк за задругарството и важноста на задругите за земјоделските производители.

Првата асоцијација кога ќе се каже Задруга, асоцира на едно минато време кога им биле одземани имотите на земјоделците, оттаму и нивната недоверба. Со објаснувањето на оваа дилема и предностите кои го има задругарството денес, го почнуваме и разговорот со Ивановски.

– „Кај земјоделците сеуште е присутна недовербата во задругарството кога во минатото им биле одземани имотите но дека сега помладите генерации сепак ги разбираат бенефитите од ваквиот начин на дејствување. Како форма на организирање на земјоделците во Република Македонија земјоделските задруги се формирани многу одамна. Во 1921 година е формирана првата земјоделска задруга за снабдување на државните службеници додека најголем подем имаат во периодот од 1948 до 1960 година. Речиси во секое семејство во тој период имало задруги кога присилно луѓето биле терани да члeнуваат во нив па оттаму нивниот негативен став кон ваквиот начин на организирање. Со тогашниот систем преку воведување на државна сопственост се искривува и моделот на приватна сопственост и работа на самите задруги со што ја губат својата функција и довербата кај самите земјоделци во таквиот начин на организирање. Во 1956 година започнува периодот на нивно расформирање и остануваат да функционираат само оние најуспешните“ , раскажува Ивановски.

Тој објаснува дека со  осамостојувањето  на  земјата и промената на системот започнува еден нов период каде задругите имаат можност повторно да станат една од можностите за здружување на земјоделците заради остварување на профит. Во 2002 е донесен Закон според кој се отвора нов тренд и се прават напори за успешно делување и помош на земјоделците во набавка на доста поевтини репроматеријали и поволен пласман на своите производи.

– „ Подоцна се прават напори за реализација на бројни проекти, првиот е преку Шведската асоцијација за развој (СИДА) според новите принцип на задругарството но и овде се наиде на неусогласувања и 16 те формирани земјоделски задруги повторно не ја постигнаа својата цел. Во 2010 година со донесување на Законот за земјоделство и рурален развој се опфатени подобри мерки за земјоделците и нивна самостојност во одлучувањето.  Во тој период се појави и Холандската развојна организација (СНВ) каде во соработка со МЗШВ покренаа иницијатива за информирање на земјоделците од бенефитите што се добиваат од здружување во задруги. Окрупнувањето на земјоделското земјиште во Македонија е неопходно,порачуваа тогаш од СНВ  а едно од најдобрите решенија за тоа е токму здружувањето на ситните производители “, изјави првиот човек на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Според Ивановски, најпогоден облик за здружување се задругите кои овозможуваат поголема конкурентност,  пристап до пазарите, поголем профит, намалување на производните трошоци и друго. Вклучувањето на терен на оваа организација, тој период резултираше со формирање на три земјоделски задруги но и овде не биле постигнати некои резултати. Со Законот за земјоделски задруги донесен во 2013 година била дефинирана финансиската поддршка за нив и со ова, според него, државата увидела дека земјоделците треба да се групираат за поголема и подобра понуда на пазарот.

– Земјоделците треба да знаат дека само здружени и преку форми на задруги може да имаат решение за нивните проблеми околу пласманот на производите.  Се уште кај нив влијае искуството од порано во времето на СФРЈ  и како функционираа задругите тогаш, но сепак се трудиме да го надминеме ова размислување, рече Ивановски.

Смета дека токму затоа треба да се влијае на свеста на задругарите за бенефитите кои ги имаат при користење на заедничката механизација, здружување на работната сила, заедничко аплицирање за грантови  и државна помош, окрупнување на земјoделските површини, користење на стандарди во производството, пристап до поголемите трговски синџири  и разни други заеднички активности.

– Во свеста на нашите земјоделци сеуште има бариери за следење и примена на принципите на задругарството. Мора да си признаеме дека големо влијание има недоволната информираност и потребата од едукација за да се надмине тој отпор кон земјоделските производители да станат активни членови на задругите. Тие имаат многу дилеми профитабилноста, начинот на финансирање, какво е нивното функционирање, која е нивната улога и одговорност, посочува првиот човек на Асоцијацијата.

Сево ова укажува од потребата на воведување на владини мерки за поддршка на земјoделските задруги во нивниот развој, примена на нови технологии во процесот на производство, приоритет при оцена на нивните апликации, подобрување на економските и социјалните врски меѓу задругата и нејзините челнови, поволни механизми за нивно финансирање како и инвестиции во задругите после бербата и делумно решавање на проблемот со пласманот на производите.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:задругизаконМендепотребноформирање
Претходен напис Исплатени субвенциите за сите земјоделци кои имаат обработлива површина до 1 хектар
Следен напис Јусуфи: Голем интерес за Мерка 113, советниците на АПРЗ подготвени да им помогнат на земјоделците да аплицираат за неповратни 20.000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?