Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Меѓународни саеми за земјоделство и за органски и традиционални производи во Куманово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Меѓународни саеми за земјоделство и за органски и традиционални производи во Куманово
Саеми и манифестации

Меѓународни саеми за земјоделство и за органски и традиционални производи во Куманово

Објавено 30/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Куманово од денеска до недела на отворено ќе се одржи 5. Меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА“ 2022 и 1. Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК“ 2022. Саемите се во организација на Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората на органски производители – КОП од Куманово, поддржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Куманово.

Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти. Ќе има изложбен дел на кој своите производи и опрема ќе ги претстават производители, откупувачи, преработувачи на храна, пијалаци и земјоделски производи, трговци со амбалажа….

Втората компонента е промотивен дел за претставување на општини, агенции, асоцијации, федерации, задруги, кластери, здруженија, владини и невладини организации, стопански комори и заедници. Како дел од содржинските активности, ќе бидат поставени традиционални трпези на заедниците на кои ќе бидат презентирани традиционалната храна, фолклор и култура претставени од здруженија на заедниците на националностите и здруженија и организации кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот.

Третата компонента на саемите е едукацијата и потребата од размена на научни, стручни и апликативни мислења и практики од областа на земјоделството, добрата земјоделска пракса и производството на безбедна храна, како и потребата за овозможување на научна и стручна соработка. Во рамки на саемот ќе бидат организирани работилници, панел дискусии, тематски мини-форуми и предавања. Предвидено е да се одржат и Б2Б средби и презентации на компании.

На саемот најавено е учество на околу 3000 луѓе, од кои 200 до 250 излагачи од земјава, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.

Може да ви се допадне

Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Македонските вина со силно присуство во Париз: Национален настап на винскиот саем Wine Paris и ексклузивна промоција „Ноќ на македонските вина“
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Саем на македонска традиционална кујна во Пустец
Роденденски попуст во Најк Пром за нов комбајн и трактор „Ловол“
Таг:агро маккумановоорганска трпезасаем
Претходен напис Времето денеска сончево и топло, со умерена облачност, викендот врнежливо
Следен напис Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Маврово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?