Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонските вина со силно присуство во Париз: Национален настап на винскиот саем Wine Paris и ексклузивна промоција „Ноќ на македонските вина“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонските вина со силно присуство во Париз: Национален настап на винскиот саем Wine Paris и ексклузивна промоција „Ноќ на македонските вина“
Агровести

Македонските вина со силно присуство во Париз: Национален настап на винскиот саем Wine Paris и ексклузивна промоција „Ноќ на македонските вина“

Објавено 09/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонските винарии од 9 до 11 февруари ќе учествуваат на еден од највлијателните меѓународни вински саеми – Wine Paris, преку заеднички национален штанд под името „Macedonian Wines“, претставувајќи го потенцијалот, квалитетот и автентичноста на македонското винарство пред светската винска јавност.

Настапот се реализира со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, како дел од континуираните напори за унапредување на извозот и меѓународната видливост на македонските вина.

Рамо до рамо со најреномираните светски винарии, македонските производители ќе ги претстават автохтоните сорти, специфичниот тероар и современиот пристап во производството на вино, потврдувајќи дека Македонија сè појасно го зазема своето место на глобалната винска сцена.

Покрај настапот на саемот, независно од официјалната саемска програма, во Париз ќе се одржи и специјален промотивен настан под наслов „Nuit du Vin Macédonien“ (Ноќ на македонските вина), посветен на промоција на македонските вина пред внимателно селектирана меѓународна публика.

Настанот се реализира благодарение на заложбата и поддршката на амбасадорот во Франција, г-дин Игор Николов, кој е и организатор на оваа промоција, а кој воедно даде значаен придонес и во реализацијата и координацијата на настапот на македонските винарии на саемот Wine Paris.

„Nuit du Vin Macédonien“ ќе овозможи директна презентација и дегустација на македонските вина пред француски и меѓународни вински професионалци, дистрибутери, медиуми и познавачи на виното, со цел дополнително зајакнување на имиџот и препознатливоста на македонското вино на еден од најпребирливите светски пазари.

Настапот во Париз испраќа јасна порака дека македонското вино, со својот квалитет и автентичност, е подготвено за уште посилно присуство на меѓународната винска сцена.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:македонско виносаем
Претходен напис Време е за зимска заштита на коскестите плодови: Како да се спречат болестите пред вегетацијата
Следен напис Врнежите го полнат Дојранското Езеро, водостојот зголемен за околу 50 сантиметри
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?