Општина Куманово утре (2 јули) ќе ја спроведе првата авионска дезинсекција против комарци за оваа сезона. Третманот ќе започне во 5:00 часот наутро и ќе се изведува на територијата на целата општина.
Според информациите од локалната самоуправа, со авионското прскање ќе бидат опфатени вкупно 1.270 хектари, вклучувајќи ги подрачјата покрај реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници „Бабин Дол“, „Гоце Делчев“ и „Тоде Мендол“, централното градско подрачје, како и пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во селото Доброшане.
-При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30. Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите-информираат од општината.
Доколку временските услови не дозволат да се изврши дезинскецијата, третманот ќе биде спроведен првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни и граѓаните дополнително ќе бидат информирани.
За авионско третирање со инсектицид против комарци – возрасна форма општината одвои над 1, 5 милиони денари од буџетот (1.569.376,40). Општина Куманово за услуги кои се извршуваат неколку пати во годината, за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари од општинскиот буџет оддели над еден милион денари (1.112.400,16).
МИА
