Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водата од јавниот водовод во Куманово е здравствено исправна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водата од јавниот водовод во Куманово е здравствено исправна
Агровести

Водата од јавниот водовод во Куманово е здравствено исправна

Објавено 06/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водата за пиење од јавниот водовод во Куманово континуирано е здравствено исправна и безбедна за употреба, покажуваат резултатите од редовниот мониторинг што го спроведува Центарот за јавно здравје Куманово во соработка со ЈП „Водовод“ – Куманово. Раководителката на Отсекот за здравствено-хигиенски прегледи, училишна хигиена и исхрана при Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Блерта Шахини Азизи, специјалист по хигиена и здравствена екологија, информира дека мострите од водата се земаат еднаш неделно, секој понеделник, согласно утврдениот план за мониторинг.

Во текот на годината се анализираат вкупно 130 мостри од различни локации кои ја опфаќаат целата територија на Куманово, со цел да се добие репрезентативен увид во квалитетот на водата за пиење.

-Досегашните лабораториски анализи покажуваат дека сите испитани мостри ги исполнуваат пропишаните услови и се во согласност со законските и санитарно-хигиенските стандарди. Во рамки на испитувањата редовно се следи и нивото на резидуален хлор, кој е еден од најважните показатели за безбедноста на водата за пиење. Анализите покажуваат дека најниските измерени вредности на резидуалниот хлор изнесувале 0,3, 0,44 и 0,47 милиграми на литар, што,  укажува на континуирано и соодветно ниво на дезинфекција на водата- вели докторка Шахини Азизи.

Врз основа на добиените резултати, од Центарот за јавно здравје Куманово оценуваат дека водата од јавниот водовод континуирано ги исполнува барањата за здравствена исправност и може безбедно да се користи за пиење и секојдневна употреба.

МИА

Може да ви се допадне

Средба на министерот Серафимовски со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова
Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
Серафимовски: Нема повеќе земјоделство што преживува, време е за производство што носи профит
Регистрирани 20 пожари на отворено – 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола
Таг:водатаводоводисправнакуманово
Претходен напис Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
Следен напис Средба на министерот Серафимовски со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?