Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот
Агровести

Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот

Објавено 22/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонската влада е во преговори со авиокомпанијата Ryanair за нејзино потенцијално влегување на македонскиот пазар. Кон крајот на мај, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба во Лондон со извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири, на која разговараа за можноста за воспоставување летови до Скопје.

„Во тек се преговори со Ryanair за нивно влегување на македонскиот пазар. За жал, досега не се присутни, но очекуваме дека нивното доаѓање значително ќе го зголеми бројот на директни линии“, изјави министерот Николоски.

Во 2015 година, Ryanair најави планови за лансирање летови до Скопје и потврди дека води разговори со македонската влада за неколку рути. Набргу потоа, Wizz Air реагираше со најавување нови линии од Скопје до неколку постојни дестинации на Ryanair. И покрај почетниот интерес, Ryanair на крајот се повлече од плановите за влез на пазарот. Во 2018 година повторно го разгледаа прашањето, но не беа воведени нови летови.

Во моментов, македонската влада спроведува субвенциски програм од 5,8 милиони евра за периодот 2025 – 2027 година, со кој на авиокомпаниите што ќе воведат нови редовни линии им се нудат по девет евра по патник на скопскиот аеродром, и по дванаесет евра на охридскиот.

Доаѓањето на Ryanair во Скопје би значело директна конкуренција со Wizz Air, која доминира на македонскиот пазар со повеќе од 50% удел од вкупниот број патници. Во изминатата година и половина, операциите на Wizz Air беа сериозно погодени од прегледите на авионските мотори, поради што голем дел од нејзината флота беше приземјена. Иако авиокомпанијата започна со обнова на капацитетите и воведување нови линии, закрепнувањето на скопската база е побавно во споредба со други пазари.

„Се чини дека следниот период ќе биде натпревар помеѓу Ryanair и WizzAir. За нив ќе биде потешко имајќи ја предвид нашата големина, предноста во трошоците и пониските цени. Ќе биде интересна битка во наредните години“, изјави претставник на Ryanair.

Извор – Скопје инфо

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:авиокомпанијаавионвизаркомпанијаудел
Претходен напис Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Следен напис Трипуновски: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе помогнеме на домашната економија и македонските земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?