Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Агровести

Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата

Последна измена: 22/06/2025 09:46
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

„Поради погрешни политики во минатото, денес имаме миграција на младите од село во град – го напуштаат земјоделскиот процес. Сето тоа се случува бидејќи гледаат како нивните семејства во текот на земјоделското производство немале рентабилност”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Преку новиот Закон за земјоделство и рурален развој, кој претставува темел на земјоделското производство, работиме на воспоставување на правила на игра. Во законот има неколку поглавја, од кои едно е регулацијата на пазарот, откупот на земјоделските производи, субвенционирањето и слично. Токму тука е делот што ги дефинира насоките по кои ќе се движиме”, појасни министерот.

Тој додаде дека Министерството работи на внесување на млада сила во земјоделскиот сектор.

„Ние во изминатиот период објавивме низа јавни повици каде што финансиски ги кофинансираме младите до 40 години. Еден од јавните повици беше т.н. мерка за млад земјоделец, каде што се даваат грантови до 10.000 евра. Дополнително, имаше два јавни повици за распределба на земјоделско земјиште каде што приоритет имаа младите луѓе”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски истакна дека се во тек јавните повици за модернизација на земјоделството, набавка на трактори и приклучна механизација. Министерството распиша и јавен повик за продажба од куќен праг. Тоа се низа на мерки каде што приоритет при аплицирање имаат младите луѓе.

„Во Законот за земјоделство и рурален развој предлагаме младите брачни парови кои ќе одлучат да се вратат на село со одреден бизнис план да ги помогнеме”, додаде тој во интервјуто.

Министерот посочи дека од идната година, кога ќе стапи на сила Законот за земјоделство и рурален развој, ќе има голем одзив кај мерката за враќање на младите на село.

Може да ви се допадне

Поради повторно разгорување на пожарот во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце пренасочен во двата правца поради пожар
Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново
Голем интерес во Пелагонија за инвестиции со државна помош во земјоделството
(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад
Таг:земјоделствоинтервјумладисубвенциитрипуновски
Претходен напис Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
Следен напис Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?