Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе помогнеме на домашната економија и македонските земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе помогнеме на домашната економија и македонските земјоделци
Агровести

Трипуновски: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе помогнеме на домашната економија и македонските земјоделци

Објавено 22/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за Радио Слободна Европа објави дека Министерството се наоѓа во завршна фаза на подготовка на специјална кампања за промовирање на домашното производство.

„Ние веќе сме во завршна фаза за една посебна кампања која ќе ја водиме како Министерство, како Влада. Станува збор за кампања преку која ќе го промовираме домашното производство”, истакна министерот.

Според министерот Трипуновски, секој производ што граѓаните ќе го купуваат ќе биде јасно обележан дали е увезен или е со македонско потекло. – „Дополнително ќе работиме на кревање на јавната свест дека ако купуваме производи од домашно производство, ја помагаме домашната економија и го помагаме македонскиот земјоделец кој ќе биде дополнително стимулиран за неговиот труд”, објасни министерот.

Министерот посочи дека со оваа кампања се очекува зголемување на домашното производство. – „Статистичките податоци кои ги објави Државниот завод за статистика, може да се согледа дека за една производна година имаме период на раст во делот на земјоделското производство, а тоа значи дополнителен девизен прилив во државата”, посочи Трипуновски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава во откупот и продажбата на земјоделски производи се бележи значителен раст кој се движи од 10 до максимални 50 отсто.

Во интервјуто министерот нагласи дека целта е Македонија да не биде увозно зависна земја, туку да го зголеми сопственото производство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кампањамзшвпроизвод
Претходен напис Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот
Следен напис Трипуновски: Нулта толеранција за злоупотреба на европски пари во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?