Владата на 149 -та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за потпишување на договор меѓу Европска Унија и Северна Македонија за учество во Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) за заштита на животната средина и климатските активности.
За горенаведените активности Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во име на Владата да го потпише Договорот со Европската Унија.
Целта на програмата ,,Живот” е да ја олесни транзицијата кон одржлива, циркуларна, енергетски ефикасна, заснована на обновливи извори на енергија, климатско неутрална и климатски отпорна економија.

Со активностите од оваа програма се очекува намалување на емисиите на стакленички гасови и намалување на ранливоста од штетните влијанија на климатските промени, подобрување на квалитетот на животната средина, како и позитивно влијание во намалувањето на загубата на биолошката разновидност.
