Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО
Агровести

Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО

Објавено 02/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По неодамнешното впишување на Олимп на Листата на светско наследство на УНЕСКО, Грција се стреми во каталогот да го вклучи и Преспанското Езеро, на границата со Албанија и Северна Македонија. Во иницијативата, што Грција ја започна во 2014 година, овојпат како сојузници ги има двете соседни земји, со кои го дели прекрасното езеро и заеднички ја промовираат иницијативата, со поддршка и од Европската Унија, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во текстот „Голема Преспа: Сојуз со цел да се вклучи во УНЕСКО“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според весникот, следниот петок, грчката општина Преспа, ќе биде домаќин на средба на министрите за култура на трите земји, Лина Мендони, Бленди Гонџа и Седат Сулејмани, на која ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ во Скопје Михалис Рокас, а целта е да се испланираат следните чекори.

– На прашање на „Катимерини“, Рокас рече дека ЕУ одлучи, освен политичката поддршка, да ги финансира и првите соодветни студии. Исто така, ја истакна важноста, со геополитички димензии, на заедничкиот напор на трите соседни земји да го заштитат и да го афирмираат природното и културното богатство подарено од природата, а кое ги зближува, пишува весникот.

Од друга страна, градоначалникот на општина Преспа Јоргос Стергиу изразил воодушевеност од идејата езерото по Света Гора, Метеора и Олимп, да стане четвртиот споменик во Грција, што ќе биде прогласен за светско наследство.

– Секако дека сме позитивни и подготвени да помогнеме во напорите каде и како што можеме. Нашите односи со соседите се одлични. Со години соработуваме на заштитата на езерото и реализираме заеднички програми. Особено со нетрпение очекуваме да биде отворен граничниот премин што е во изградба, а кој ќе нè поврзе поблиску со туристичкиот центар Охрид, рекол Стергиу.

Министерот за култура на Албанија, според „Катимерини“, за новинската агенција АТА посочил дека значењето на иницијативата е многу пошироко од самата кандидатура за УНЕСКО, бидејќи тоа би донело поголемо меѓународно внимание кон Преспа, повеќе можности за заштита и промоција на културното наследство, одржлив развој, поквалитетен туризам и нови перспективи за локалните заедници.

Весникот потсетува дека идејата за впишување на Преспанското езеро на Листата на светско наследство на УНЕСКО не е нова, бидејќи барањето од грчка страна официјално било поднесено на 16 јануари 2014 година, кога езерото било ставена на таканаречената „индикативна листа“, што претставува почетна фаза пред поднесувањето на целосната кандидатура.

Сега, на иницијатива на министерката за култура на Грција Лина Мендони, „прашањето е надградено на агендата и на Министерството и на грчката Влада, со предлог кандидатурата да се промовира заеднички со Албанија и Северна Македонија“. 

МИА

Може да ви се допадне

Конкурси за најголема калинка и за најдобар рецепт од калинки во пресрет на вториот „Фестивал на калинката” во Валандово
Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
„Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ – петти Фестивал на биодиверзитет во Скопје
Намален бројот на работниците во индустријата
Храната наместо на трпеза, во отпад: Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек
Таг:албанијаГрцијаЕУиницијативаМакедонијаПреспанското ЕзероУНЕСКО
Претходен напис Конкурси за најголема калинка и за најдобар рецепт од калинки во пресрет на вториот „Фестивал на калинката” во Валандово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?