На ден 05.05.2023 (петок) со почеток од 11:00 ч во салата во старото училиште во Роспман, МЗШВ преку телото за управување со ИПАРД организира промотивна кампања за запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата и тоа како да се искористат средствата за инвестиции преку европскиот ИПАРД фонд.
Мерките кои се акредитирани и ќе бидат презентирани се:
Мерка 1: инвестиции на основни средства на земједелски стопанства (набавка на трактори, нови насади, преработка на сопствено земјоделско производство и слично).
Мерка 3: инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи (винарии, преработка на овошје и зеленчук, млекари и слично).
Мерка 7: диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини (поддршка на сите производни капацитети од сите дејности кои се лоцирани во рурална средина).
