Со новиот модел на субвенционирање правиме значајни измени и во сточарството. Промената која ја предлагаме предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ќе даваат месо и млеко и тука е предвидено зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 2000 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари.
Дополнително со новиот модел сакаме да ја забрзаме исплатата за произведеното и предадено млеко и работиме на тоа да креираме систем каде исплатата на оваа мерка нема да доцни и ќе биде на месечно ниво.
Новиот модел содржи и нови мерки за поголема контрола и намалување на сивата екиномија, врзувајќи ги земјоделците производството да го предадат во регистрирани домашни капацитети или земјоделски задруги.
Во последните неколку дена се исплатени околу 10 милиони евра кон сточарите. Оваа година ќе биде прва година во која комплетно ќе ги исплатиме сите фази кон сточарството.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски