Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денови на македонското пчеларство во Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Денови на македонското пчеларство во Битола
Саеми и манифестации

Денови на македонското пчеларство во Битола

Објавено 14/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувачи на пчелни семејства и производители на мед и производи од мед од битолско, прилепско, гостиварско и други македонски региони, денеска и викендов учествуваат на традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“.

Според Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерствотото за земјоделство, шумарство и водостопанство, поддршката за пчеларите ќе се зголеми, но и контролата за избегнување на манипулации во оваа сфера.

-Пчеларството е специфичен тип на производство и е зависно од климатските услови. Климатските промени се глобален проблем за кој се потребни глобални решенија. Зелената агенда за западниот Балкан е инструмент кој ЕУ го овозможи за земјите од регионот и ние преку тој инструмент спроведуваме активности што ќе значат ублажување на ефектите од глобалното влијание. Редовно исплаќаме субвенции на околу 6.000 пчелари, регистрирани корисници на финансиската поддршка, а овој месец пчеларите средствата ги добија во целост. Новитет е што поддршката ќе се зголеми, но и контролата за да се избегнат било какви манипулации во оваа сфера, изјави Георгиевски на првиот ден од манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ во Битола.

Организатор и домаќин на 25. по ред „Денови на македонското пчеларство“ во Битола е пчеларското здружение „Нектар“.

-Манифестацијата успеа да го промовира пчеларството пред младите генерации, но и да ја зголеми културата за користење на мед во исхраната. За жал последниве години заради климатските промени, производството или приносите на мед е намалено, но ние упорно пчелите ги одржуваме во живот. Верувам дека во иднина поддршката на пчеларството ќе се зголеми како од националната власт така и од локалната самоуправа, истакна Менде Трајковски, претседател на пчеларското здружение „Нектар“.

Одгледувачите на пчелни семејства и производители на мед и производи од мед очекуваат инспекциските да ја зголемат својата теренска активност за отстранување на неквалитетен мед од македонскиот пазар, беше нагласено на првиот ден од „Денови на македонското пчеларство“ во Битола.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:Гоце ГеоргиевскиДенови на македонското пчеларство
Претходен напис Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош за справување со болеста африканска чума кај свињите
Следен напис Љупчо Николовски: Со новиот модел на субвенционирање правиме значајни измени и во сточарството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?