Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ловечкото друштво „Елен“ успешно ја заврши ловната сезона на крупен дивеч
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ловечкото друштво „Елен“ успешно ја заврши ловната сезона на крупен дивеч
Агровести

Ловечкото друштво „Елен“ успешно ја заврши ловната сезона на крупен дивеч

Објавено 31/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По четири месеци заврши ловната сезона на крупен дивеч во земјава. Ловечкото друштво „Елен“ од Кичево ги реализира планираните бројки на отстрелан крупен дивеч и во идните месеци поточно, до почетокот на вегетација на природата, ќе се посвети на прихрана на дивечот.

Претседателот на ловечкото друштво „Елен“, Слободан Петрески, информира дека по четири месеци и 22 ловни дена заврши ловната сезона на крупен дивеч за оваа година.

– Традиционално ловот започнува на почетокот на месец октомври, а завршува со последниот викенд од месец јануари. Исклучок беа претходните години кога ловот започна нешто порано. Во годинешната ловна сезона ловечкото друштво „Елен“ ги оствари проектираните бројки на отстрелан крупен дивеч и радува фактот што и во оваа ловна сезона ловот помина без проблеми – рече Петрески.

Нагласи дека во текот на зимата и до периодот на вегетацијата во природата, ловечкото друштво ќе се посвети на прихрана на дивечот на хранилишта каде ќе се остава зрнеста и кабеста храна.

-Нашата обврска продолжува со прихрана на дивечот кој традиционално го вршиме секоја година во шесте ловишта на кои што сме концесионери. За оваа потреба на располагање ни стојат дваесет тони зрнеста храна, во најголем дел пченка, потоа кабеста храна сено, а на одредени места поставуваме и камена сол, која е неопходна за здравиот развој на дивечот во текот на годината. Храната се остава на места предвидени за прихрана на дивечот, хранилишта. Исто така, водиме сметка за да се намали или да се анулира крiволовот, за што се грижат тројцата наши ловочувари – додаде Петрески за МИА.

Покрај најголемото ловечко друштво „Елен“, во општината егзистираат уште две помали ловечки друштва кои располагаат со три концесиски ловишта, а тоа се ловечките друштва „Еко- фазан“ од Осломеј и „Сокол“ од Зајас.

Може да ви се допадне

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Таг:Еленкрупен дивечловната сезона
Претходен напис Кралицата Елизабета Втора произведува органски кралски кечап
Следен напис Органска фарма Липа Мустафино: Три култури на едно место – Експериментираме со агроекологија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?