Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа ловечки испит за кандидатите кои ги исполнија пропишаните услови за полагање. Испитот го спроведе Стручната комисија, согласно Законот за дивечот и ловството и утврдената испитна програма.
Кандидатите го потврдуваа своето познавање од областите на заштитата и одгледувањето на дивечот, управувањето со ловиштата, препознавањето на видовите дивеч, безбедното ракување со ловечко оружје и ловечката етика.

Стручната оспособеност и почитувањето на законските правила се основа за безбедно и одговорно практикување на ловството, како и за долгорочна заштита на дивечот, неговите живеалишта и природната рамнотежа.

МЗШВ
