Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од понеделник се отвора експозитура на Алта банка во Прилеп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од понеделник се отвора експозитура на Алта банка во Прилеп
Агровести

Од понеделник се отвора експозитура на Алта банка во Прилеп

Објавено 13/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од понеделник, 16 ноември, ќе можат да ги користат банкарските услуги и во експозитурата во Прилеп. Народната банка информира дека таму клиентите кои имаат платежна сметка, но немаат платежна картичка, ќе можат да подигнат до 20.000 денари во период од две недели.

Продолжуваат со работа и филијалите на банката во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во трговскиот центар „Бисер“. На овие локации граѓаните можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања, но и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.

Од 10 ноември клиентите повторно можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. За корисниците со платежни картички важи ограничување од 15.000 денари неделно, додека оние без картички можат да располагаат со најмногу 20.000 денари во период од две недели.

Овие лимити се однесуваат на вкупното користење на средствата преку сите сметки на клиентот во банката и ги опфаќаат плаќањата со картички, интернет-трансакциите, подигнувањето готовина од банкомати и шалтери, како и плаќањата преку електронското и мобилното банкарство.

- Реклама -
Ad image

Народната банка појаснува дека граѓаните можат без ограничување да располагаат со новите приливи на сметките во „АЛТА банка“ доколку средствата се префрлени од платежни сметки во други банки или кај други даватели на платежни услуги.

Олеснувања се предвидени и за компаниите. Овозможена е исплата на плати, заедно со соодветните даноци и придонеси, за фирмите кои во последните три месеци редовно исплаќале плати преку сметки во банката.

Народната банка соопшти дека продолжува внимателно да ја следи состојбата и да презема мерки за полесен пристап на клиентите до сопствените средства и непречено користење на платежните услуги.

Може да ви се допадне

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.11.2026 година
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози
Почнува дебатата за Предлогот на буџетот за 2027 година
Иротова: Трактор купен со државна помош во 2023 година бил продаден, парите мора да се вратат во буџетот
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови
Таг:Алта банкаекспозитурапонеделникПрилеп
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.11.2026 година
Следен напис Грав со суви ребра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?