Утрово најстудено е на Попова Шапка со температура од 3 степени Целзиусови, соопшти УХМР.
Потоа следуваат Маврови Анови – 6, Крушево – 7, Берово, Крива Паланка, Претор и Охрид – 9, Куманово, Прилеп и Виница – 10, Битола и Тетово – 11, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип – 12, Кавадарци, Струмица, Скопје-Петровец и Демир Капија – 13 и Гевгелија 14 степени.
Најмногу дожд наврна во Крушево и Претор – 32 литри на м2, потоа 23 Попова Шапка, 18 Кавадарци, 15 Куманово, 13 Крива Паланка, Битола, 12 Охрид, 11 Велес, 10 Скопје – Петровец, Виница, Тетово, Берово, 9 Ѓуриште, 8 Тополчани, Демир Капија, 7 Маврови Анови, Пожаране, Прилеп, 5 Гевгелија, 2 Скопје – Зајчев Рид, Струмица.
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје, во претпладневните часови ќе биде претежно облачно, а ќе има и повремени врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
МИА
