По одлуката на Народната банка за воведување привремена администрација, АЛТА банка АД Битола објави дека од утре, понеделник (2 ноември 2026 година), експозитурите на банката привремено нема да работат со клиенти, сè до дополнително известување.
Согласно одлуката на Народната банка, воведени се привремени заштитни мерки, со кои за физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на Банката.
Нагласуваме дека преземените мерки имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите, се наведува во соопштението од банката.
Од банката нагласуваат дека за сите дополнителни информации, промени и идни чекори јавноста ќе биде навремено известувана преку нивните официјални канали.

