Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка
Агровести

Народна банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Објавено 31/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ а.д. Белград. Со судска одлука, Агенцијата за осигурување на депозити ќе биде назначена за стечаен управник, се наведува во соопштението.

Како што е наведено во соопштението, Извршниот одбор констатираше дека пред одземањето на дозволата биле спроведени надзорни активности со цел да се обезбеди банката да го зголеми нивото на својата ликвидност.

Понатаму се наведува дека е утврдено оти „финансиската состојба на банката значително се влошила во претходниот период, а постои и можност за натамошно влошување на финансиската состојба или ликвидноста на банката – ситуација што ги загрозува интересите на депонентите на банката“.

„Со оглед на тоа што се исполнети условите за одземање на дозволата за работа на банката, согласно Законот за банки, Народната банка на Србија ја донесе оваа одлука со цел да ги заштити интересите на депонентите и да ја зачува стабилноста на финансискиот систем“, додаваат од НБС.

- Реклама -
Ad image

Агенцијата за осигурување на депозити, во рок од седум работни дена, ќе овозможи исплата на осигурените износи и пристап до средствата за депонентите, согласно Законот за осигурување на депозити, се наведува во соопштението од Кабинетот на гувернерот на НБС.

Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија пред 1 година донесе одлука со која се одобри понудата на АЛТА банка АД Белград за преземање на Стопанска банка АД Битола. Понудата вклучуваше 371.538 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка, и заедно со 19.439 акции што веќе ги поседува АЛТА банка и поврзаните страни, претставува 100 проценти од основниот капитал на оваа банка во Македонија.

Може да ви се допадне

„Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела
Сушени листови од јапонско јаболко и чај од калинка – еколошкото производство како хоби во третата доба
Поради временските услови „Валандовската ракијада“ одложена за следниот викенд
Во Струмица се одржува Балканска конференција на задруги
Ако немате сопствена механизација – еве колку се наплаќа услугата ОРАЊЕ
Таг:Алта банкадозволатаНародна банка на Србија
Претходен напис „Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?